Претходно необјавеното писмо и ВИ алгоритамот биле клучни за одлуката на бордот да го избрка Алтман. По четири дена прогон, Алтман беше вратен во компанијата откако 700 вработени се заканија дека ќе си дадат отказ и ќе преминат во Микрософт.
„Дел од луѓето во ОпенАИ веруваат дека Кустар (Q*) би преставувал продор во работата на компанијата кон достигнување генерална вештачка интелигенција (ГВИ). ОпенАИ ја дефинира ГВИ како автономен систем кој ги надминува луѓето во најголемиот дел економски вредни задачи.
Имајќи го предвид изобилието на компјутерска сила со која располага, новиот модел можел да реши одредени математички проблеми, изјави лице под услов на анонимност бидејќи не му е дозволено да зборува во име на компанијата. Иако се работи за математика на ниво на основно училиште, решавањето такви тестови ги направи истражувачите многу оптимистички околу Кустар,“ пишува Ројтерс.
Истражувачите ја сметаат математиката дека е една од границите што треба да се достигне во постигнувањето на ГВИ. Моментално вештачката интелигенција е добра во пишување и преведување на јазици преку статистичко предвидување на следниот збор во реченицата, а одговорите на едно исто прашање може да варираат. Но совладувањето на можноста за решавање математика, каде им само еден точен одговор, значи дека АИ би имала поголеми способности за резонирање кои наликуваат на човечка интелигенција.
Во писмото до бордот истражувачите од ОпенАИ ја нагласиле новата способност на алгоритамот како потенцијална опасност. Тие во писмото ја споменуваат и работата на тим на „научници за ВИ“ кои работеле на оптимизирање на постојните ВИ модели за подобрување на нивното резонирање и последователно извршување на научни задачи.
На неодамнешниот АПЕК самит во Сан Франциско, Алтман порача:
„Четири пати во историјата на ОпенАИ, последниот пат пред само неколку недели, бев во собата, кога на некој начин ја тргнавме прекривката на игнорантноста и ја турнавме границата на науката. Можноста да го направам тоа е професионална чест на мојот живот.“
Еден ден подоцна бордот на ОпенАИ го отпушти Алтман.