По зборвите на првиот човек на ОпенАИ, Чатгпт 4, актуелната верзија на ВИ ботот на компанијата, е најглупиот модел на Чатгпт што некогаш ќе го користите „Чатгпт не е феноменален, во најдобар случај е благ резил.“
Основачот и ЦЕО на ОпенАИ парите не ги бара за себе туку за целосно преуредување на глобалната индустрија на микрочипови, кои инаку се сметаат за главен фактор кој спречува уште поголем развој на вештачката интелигенција.
Пред Сам Алтман да биде избркан од ОпенАИ, неколку истражувачи вработени во компанијата напишале писмо до бордот на директори во кое предупредуваат дека Алтман дошол до откритие околу вештачката интелигенција кое би можело да се претвори во закана за човештвото, објавува Ројтерс.
На пуштањето во погон на 4-та проширена и надградена верзија на ЧатГПТ, ЦЕО-то на компанијата, Сем Алтман, јавно призна дека и тие се малку извадени од памет, и предупреди дека „технологијата доаѓа со вистински опасности.“