Проблемот на Алтман е што од една страна целата обука на нивните АИ модели изискува огромна процесорска моќ, која денешната индустрија не микрочипови не може да ја задоволи. Од друга страна, индустријата е крајно регулирана од американската влада, вклучително и извозот и кој сè може да произведува чипови.
Освен разговорите што ги има со американската влада, Алтман наводно својот план веќе им ги има презентирано на властите од Обединетите арапски емирати и бизнисмени од Тајван.
И покрај контактите со странски влади и бизниси, намерата на Алтман е да се фокусира на отворање фабрики за чипови во САД, главно заради најавите на администрацијата на Бајден за милијарди долари вредни субвенции на индустријата на чипови.
Чисто финансиски, за сега барањето на Алтман за 5 до 7 илјади милијарди долари е проблематично и по основа на исплатливост, бидејќи денешниот пазар на микрочипови е нешто помалку од 530 милијарди годишно, а се очекува до 2030 да стигне до 1.000 милијарди, додека пазарот за опрема за производство на чипови минатата година вредеше 100 милијарди долари. За споредба вредната на двете највредни американски компании заедно, Епл и Микрософт, изнесува нешто повеќе од 6.000 милијарди долари.