Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Куба, извини за нашите вазали

30 октомври 2025
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Македонија беше меѓу седумте земји во светот што се построија на ѕидот на срамот во ОН и гласаа ПРОТИВ укинувањето на американските санкции за Куба, кои се на сила веќе 63 години. Резолуцијата беше усвоена со огромно мнозинство од 165 гласа. Дванаесет земји беа воздржани, а против гласаа – САД, Македонија, Израел, Украина, Унгарија, Парагвај и Аргентина.
  • Резултатите, иако не онакви какви што сакаше Вашингтон, беа дел од стратегијата на оваа северна нација во неделите пред гласањето... Белата куќа ги употреби сите свои оружја и трикови, особено принудата, но вистината, законот, разумот и правдата се секогаш помоќни и поубедливи. Уште еднаш, мнозинството од меѓународната заедница е на страната на Куба. Како што рече претставникот на Никарагва во ОН: „Солидарноста е посилна од уцената“, пишува кубанскиот државен весник „Гранма“.
  • Лани против укинување на санкциите за Куба беа само САД и Израел. Македонија во изминатите три години гласаше за укинување. Резолуцијата не е обврзувачка, но е моќен дипломатски израз на поддршка на земјата што е повеќе од половина век под санкции. „Блокадата е политика на колективна казна. Таа е флагрантно, масовно и систематско нарушување на човековите права на Кубанците“, изјави шефот на кубанската дипломатија Бруно Родригез.
  • Пред две години, на приемот на новоназначената амбасадорка на Куба во Македонија, пратеници ѝ порачаа: „Земјава придава големо значење на натамошниот развој на пријателските односи и севкупната соработка со Куба, заинтересирани сме за унапредување на соработката во сите области и за подигнување на динамиката на политичкиот дијалог на парламентарно нивно“.
  • Амбасадорката Мариета Гарсиа Хордан кажа дека „во нас гледа како на многу добри пријатели“ и истакна дека историската врска е подолга од 20-годишните билатерални односи. Се заблагодари за „одличната“ соработка во ОН, со заемно поддржување на кандидатурите за членство во различни тела. Притоа беше забележано дека Куба „традиционално и континуирано добива поддршка од Македонија при гласањето на Резолуцијата на Генералното собрание на ОН за целосно укинување на економското ембарго на САД против Куба“.
  • Познати како „блокада“ меѓу Кубанците, најдолготрајните економски санкции во модерната историја забрануваат трговија, инвестиции и финансиски трансакции меѓу САД и Куба. Хавана тврди дека кубанската економија претрпела штета од 144 милијарди долари до 2021 година. Најмногу трпат обичните граѓани – празни продавници, високи цени, сиромаштија, глад и здравствени проблеми. Со часови се чека во ред за ориз, грав, месо или млеко, достапни само преку купони. Цените на црниот пазар се зголемуваат драстично. Многу семејства се ограничени на еден оброк дневно. Иако храната и лековите беа исклучени од блокадата, Куба има пристап само до 50-70% од новите лекови, главно произведени во САД. Нема доволно инсулин, антибиотици, лекови за рак, вентилатори и заштини маски. Ова доведува до епидемии и зголемена смртност од хронични болести. Лекарите мораат да импровизираат, а пандемијата ја влоши ситуацијата. Поради ограничен пристап до гориво, резервни делови и хемикалии, има секојдневни рестрикции на струја. Просечната плата е 20-30 долари, што едвај ги покрива основните потреби.
извор

Албанија удира по џебот на демонстрантите

29 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Владата на Еди Рама воведе парични казни до 500.000 леки (околу 5.500 евра) за луѓе што учествуваат на насилни протести во Албанија.
  • Сумата е приближно шест просечни плати. Казната ќе важи за сите демонстранти, без оглед дали лично биле вклучени во насилства. Лица што го кријат идентитетот се соочуваат со казни од 10.000 до 100.000 леки. 
  • Албанци од мај демонстрираат во Тирана против проектот за изградба на комплекс со луксузни хотели во природен резерват. Во компанијата вклучена во проектот учествува и Џаред Кушнер, зетот на Доналд Трамп.
  • Кон средината на октомври, протестите се проширија со студентски барања поврзани со корупцијата, проблемите во здравствениот систем и недостатокот на перспективи за младите.
  • Во изминатите денови имаше и жестоки судири на демонстрантите со полицијата во Тирана.

извор

ЕУ се откажа од идејата за „придружно членство“ на Канада

29 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • По реакција на Германија и други членки, ЕУ се откажа од планот Канада да добие статус на „придружна членка“ на Европската Унија.
  • Во нацрт-текстот на изјавата што ќе биде објавена на крајот од самитот Канада-ЕУ во Монтреал, изразот „придружно членство“ е заменет со „сè поблиска асоцијација“.
  • Германија реагирала дека претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, не се консултирала со членките пред да ја претстави идејата во своето годишно обраќање во септември. Резервираност изразиле и Франција, Италија и Грција.
  • „Се чини дека никој не бил консултиран за придружно членство освен нејзиниот најблизок персонал. Многу земји-членки, вклучително и Германија, не беа задоволни“, изјави дипломат од Брисел.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Двојазичност на албански начин

Македонштина
2

Ниту сме истото, ниту сме същото

Разно
3

Стварноста нуди бесплатни реклами

Реклами
4

Вучиќу, не си единствен

Балканштина
5

Борец Жилче со честитки до Хари Кејн

Фудбал
6

На „револуционерите“ никогаш не им е доволно

Балканштина
7

Хартиените цевки се поштетни од пластичните

Занимливости
8

Стручна анализа на изборен пораз

Балканштина
1

Хартиените цевки се поштетни од пластичните

Занимливости
2

„Црвена тревога“ во Србија по напад врз Амбасадата на Израел во Белград

3

Шведска се откажа од мРНК вакцини за ковид

4

Наместо да протестираат, младите Германци емигрираат

Свет
5

Флавио Болсонаро избега во САД

6

Британците од зорт се изнакупуваа тоалетна

Свет
7

Путин го покани Зеленски на директни разговори во Москва

8

Обвинителството попусто ја чека Урсула да одговара за „Фајзергејт“

Свет
* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Двојазичност на албански начин

Балканштина

Вучиќу, не си единствен

Балканштина

Стручна анализа на изборен пораз

Балканштина

Желботека

Балканштина

На „револуционерите“ никогаш не им е доволно

Балканштина

Вакви ако земат сила, ќе ја урнисаат победата

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Имате ли видено појак дизајн од ова?

Како напред? Назад!

Како стока се пријавува за Фарма

Смртта е привилегија на сиромашните

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy