Писма на читатели:

Дали ви е сега полесно?

Дали ви е полесно кога најголемиот поддржувач на Скопје 2014 сега ви ги отвара вратите на ЕУ и НАТО? Дали шареноборците сега сами ќе ги поправаат фасадите на милионите објекти што ги уништуваа?

Дали?

Дали после гласањето ви е полесно? Дали ви се стопли, смири душата?

Дали сега можете со љубов и милост да погледнете околу себе?

До кога омраза и карање ќе ширевте околу нас? До кога???

Дали ви е полесно кога најголемиот поддржувач на Скопје 2014 сега ви ги отвара вратите на ЕУ и НАТО? Дали шареноборците сега сами ќе ги поправаат фасадите на милионите објекти што ги уништуваа?

Дали најголемиот виновник (да не ви ги барам твитовите, знаете кои сте) за крвавиот четврток сега ви отвара порти кон ЕУ и НАТО? Дали ќе ја преименувата Триумфалната порта во Крстова порта?

Дали сите пратеници што до буквално до вчера беа во притвор за крвавиот четврток, беа дел од режимот, нарачуваа куртон вести, крадеа милиони, сега се ваши најголеми поддржувачи, сојузници, пријатели за ЕУ и НАТО?

Сите кои до вчера се боревте против, плукавте, колневте, палевте, кршевте, фарбавте, денес се луѓе без кои вашата агенда немаше да биде исполнета. Луѓе кои се уценети, поткупени, заплашени, притворени. Луѓе кои своеволно сигурно не гласале.

Дали навечер, кога си легнете, кога правите ретроспектива на денот, дали сами на себе си верувате во оваа реалност? Дали сами на себе си верувате дека ова е најдоброто и историското нешто што ѝ се случило на Република Македонија? Дали препознавате некои двојни аршини и двојни стандарди?

Одоговорете го ова прашање, искрено, во себе и за себе. Само за себе и никој друг. Кој е вашиот одговор?

Република Македонија нема да биде членка на ЕУ и НАТО.

Република Северна Македонија – можеби.

Помеѓу овие две имиња има разлика.

Не бирате подобра иднина или евроатланска свадба.

Менувате име на држава.

Бог нека ни помогне на сите.

Горан

22 октомври 2018 - 10:10