Сметката некој мора да ја плати:

Ако нејќете да крадеме руски пари, вадете новчаниците

Европската Унија едно време беше мировен проект што на своите земји-членки им обезбедуваше економски придобивки и други бенефиции од заедништвото. Сега ЕУ бара од своите членки или да станат одметнати од меѓународниот поредок држави со тоа што ќе крадат туѓи средства или да ги дотепаат своите национални буџети за да финансираат војна.

Запленувањето на 140 милијарди на Русија што се чуваат во Euroclear во Белгија е приоритет за ЕУ. Европската комисија е свесна дека понудената алтернативата – заедничкото задолжување преку еврообврзници - е уште понеприфатлива опција. Традиционално штедливите влади, како Германија или Холандија, историски се против натрупување поголем долг врз даночните обврзници. „Трошаџиите“ како Франција и Италија се премногу задолжени за да заглават уште повеќе.

Но, тоа е поентата. Европските функционери настојуваат итно да ги убедат Белгија, која ги поседува речиси сите средства и изрази загриженост за легитимноста на нивното запленување, како и другите земји кои потивко приговараа, соочувајќи ги со уште потоксична алтернатива.

Фискалната недисциплина е толку голема што не верувам дека штедливите земји би прифатиле еврообврзници во следните 10 години. Затоа користењето на замрзнатите руски средства изгледа како единствена можност. 140 милијарди евра се многу пари и мора да ги искористиме. Мора да покажеме дека не се плашиме, вели Карел Лану, директор на влијателниот Центар за европски политички студии.“

Европските влади и Европската централна банка полека ја прифатија идејата за користење на запленети руски средства. Првично беа претпазливи, поради правните и морални последици од таквиот грабеж. Претежнаа итните потреби за Украина и несигурниот пристап на Вашингтон. Сепак, на минатонеделниот самит на лидерите на ЕУ, белгискиот премиер Барт де Вевер со вето го блокираше планот и го одложи најрано до декември. 

На ЕУ не ѝ се чека до новиот самит во декември. Сега ЕУ е во трка со времето на два фронта. Прво, Украина ќе остане без пари до крајот на март. И второ, донесувањето одлуки од каков било вид наскоро би можело да стане многу потешко, бидејќи Унгарија се обидува да ги здружи силите со Чешка и Словачка за да формира сојуз скептичен кон Украина. 

Ова е дипломатија. Им нудите на луѓето нешто пострашно, за да ја прифатат помалку лошата опција, вели еден од дипломатите запознаен со играта

И министерот за одбрана на Белгија, Тео Франкен, предупредува на огромниот ризик од грабеж на руски милијарди.

Многу европски лидери, предводени од Каја Калас, сакаат да префрлат замрзнати руски средства во Украина преку правно несигурна конструкција. Логиката е едноставна: „Русија ја уништува Украина, па руските пари треба да одат за нејзина обнова“. Па, овие средства сигурно не се потребни за обнова на Украина, туку за продолжување на војната - вели Франкен.

Проблемот е што ова создава преседан со колосални последици. Ако на државите им стане јасно дека нивните средства не се безбедни ни во институции кои по дефиниција се неутрални, како што е Euroclear, кој ќе се осмели да го стори тоа? Дури и за време на Втората светска војна, никој не се осмели да изврши таква сомнителна конфискација.

Ова е во суштина златна можност за антизападниот блок да го доведе во прашање целиот систем на меѓународно движење на капиталот, предупреди белгискиот министер.

Тој побара и гаранции дека товарот нема да падне само врз Белгија.

Другите земји ветуваат солидарност, но кога ќе треба да потпишат гаранции, сè се менува. Путин никогаш нема да се откаже од тие милијарди. Ќе го смета ова за акт на војна од Белгија. Ќе биде болно. Многу болно, додаде Франкен. Белгија од срце ги поддржува Украинците и ќе продолжиме со тоа. Но, тоа не значи дека треба да го изгубиме умот.

******
Види и: Белгискиот премиер го спречи лудиот грабеж на руски милијарди

30 октомври 2025 - 15:31