Под притисок од белгискиот премиер Барт де Вевер, ЕУ го одложи за самитот во декември прашањето за финансирање на обновата на Украина со руски пари. Десничарскиот фламански националист предупредува дека грабањето туѓи пари носи огромни финансиски и правни ризици за Белгија, каде што се чуваат повеќето руски средства.
Оваа целосно луда идеја ќе ги оставеше Белгијците на цедило. Жал ми е што сега вперуваат со прст кон нас затоа што не се согласивме, изјави Де Вевер.
Најголемиот дел од немобилизираните средства на Русија во Европа се чуваат во финансиската фирма „Еуроклеар“, која е регистрирана во Белгија. Де Вевер објаснува дека грабањето туѓи пари ќе ја поткопа довербата во целиот финансиски систем на Европа.
Русија може да ги побара парите од која било причина. Готовината треба да биде таму веднаш. Кој ќе ја даде таа гаранција? Ги прашав колегите: „Дали вие? Дали земјите-членки?“... На ова прашање не беше одговорено со ентузијазам, рече белгискиот лидер.
Бирократите на ЕУ и европските лидери вчера цел ден преговараа за правната основа и формата за финансирањето на Украина. Претседателката на Европската централна банка Кристин Лагард им гарантирала на лидерите дека „ризиците поврзани со заемот се управливи“. Сепак бил постигнат компромис. Де Вевер се согласил дека нема да ѝ застане на патот на Европската комисија во понатамошните истражувања на идејата за конфискација на руските средства.
Усогласен е доволно избалансиран текст за да се дозволат толкувања што одговараат на сите потреби и сензибилитети, така што секој потоа ќе даде одредено толкување што е добро за него“, рече дипломат од ЕУ информиран за дискусиите.
Според толкувањето на францускиот претседател Емануел Макрон, „планот не е закопан“, бидејќи Унијата „нема други опции за финансирање на помошта за Украина“.
Се договоривме што треба да направиме, сега треба да договориме како да го направиме тоа, изјави претседателката на Комисијата, Урсула фон дер Лајен.
******
Види и: Белгија бара колективна одговорност за грабежот на руските милијарди