- Руската нафтена компанија Лукоил решила да го продаде сиот свој имот во странство на групацијата Гунвор на шведскиот милијардер Торбјорн Торквист.
- Лукоил беше принуден на овој потег поради санкциите од САД, кои ѝ ги блокираа трансакциите. „Лукоил интернешнел“, со седиште во Виена, располага со стотина разни имоти во повеќе од 50 земји во светот, вклучувајќи и бензиски пумпи во Македонија.
- Гунвор со седиште во Женева е една од најголемите независни трговски компании во светот. Од основањето во 2000 година, сега има бизниси во повеќе од 20 земји. Торквист ја почнал кариерата во нафтената индустрија во „Бритиш петрол“, а во деведесетите години се преселил во Русија. Заедно со Генадиј Тимченко, близок пријател на Владимир Путин, го формирале Гунвор, со цел да тргуваат со руска сурова нафта во Европа. Бизнисот го прошириле со јаглен, метали и гас, како и со инвестиции во нафтоводи, гасоводи и рафинерии.
- Во 2012 Гунвор бил обвинет за подмитување функционери во Конго и во Брегот на Слоновата Коска, а во 2019 година бил казнет од САД поради прекршување на санкции за Русија. Тимченко ги продал своите акции во фирмата кога во 2014 година му биле објавени санкции.
- Британија и Франција постепено ќе го укинат договорот за размена на мигранти според принципот „еден внатре – еден надвор“, бидејќи биле депортирани премалку лица.
- Од склучувањето на договорот во август 2025 година па заклучно со 1 октомври годинава, во Франција биле вратени повеќе од 1.500 нелегални мигранти, а во спротивна насока биле префрлени нешто помалку од 1.500 легитимни баратели на азил во Британија.
- Проценетите трошоци за шемата изнесуваат 56.000 фунти по вратен мигрант, што достигнува вкупна сума од околу 84 милиони фунти.
- За споредба, во истиот период повеќе од 40.000 нелегални мигранти пристигнале во Обединетото Кралство со мали чамци.
- Лондон бил подготвен да го продолжи договорот, но Париз одбил, со образложение дека сака шема за враќање на ниво на целата Европска Унија.
- Изминатиот септември беше првиот по 32 години во кој немало ниту еден ураган во Атлантикот. Ова се случило само три пати досега – во 1994, во 1972 и во 1962 година.
- Просекот е 7 урагани во сезона, од кои 2 до 3 се во септември.
- Аномалијата се смета за последица на пацифичкиот климатски феномен Ел Нињо, за кој се предвидува дека годинава ќе биде најсилен досега.
- Оваа година може да биде првата без ниту еден ураган во Атлантикот откако во 1950 година почна да се води прецизна евиденција. Во просек во октомври се формира по еден ураган годишно, а повремено може да има и во ноември.
- Најмалку, само по два, имало во 1982 и 2013 година.