Накасоне си замина од НСА на почетокот од годинава, а претходно има служено и како прв човек на американската Сајбер команда и шеф на Централната безбедносна служба.
Првично Накасоне ќе биде дел од Комитетот за сигурност и безбедност на ОпенАИ, каде што ќе носи „критични сигурносни и безбедносни одлуки за сите проекти и операции на ОпенАИ.“
Изминативе месеци ОпенАИ прво го напушти Илја Сутскевер, човекот кој се смета за мозокот зад целиот проект, заради несогласувања со ЦЕО-то Сем Алтман, околу безбедноста и развојот на нивниот производ. По него, веднаш си замина и Јан Леике, првиот човек на тимот за супер-порамнување, чија задача беше да се осигури дека вештачката интелигенција нема да стане закана за човештвото.
По заминување од компанијата, Леике на Твитер напиша: „безбедносната култура и процеси завршија во втор план зад светлуцавите производи.“