Болнички запис за еден брич и две јајца

Во духот на старите српски раскажувачки махери како Душан Ковачевиќ, Перо Луковиќ, Драган Тодоровиќ и Љубомир Живков од белградско Време... некој твитерџија има раскажано урнебесна приказна за тоа како постара тетка во болница требало да му ги бричи јајцата за да му се прави катетеризација. додека овој молел Бога да не се вратат студентките кои биле таму на пракса. Пи-шу-ри-ја.

Ви имам ли раскажувано кога една постара госпоѓа ми ги бричеше јајцата? Пет дена пред операција одам на катетаризација. Влегуваат преку препоните, снимаат што треба, утредента си одам дома. Тоа е сè што знам.

Ме примија на Бежанијска коса. Сестрата ми го покажува креветот и вика дека бргу ќе дојде жена да ме избричи. Си мислам, ми влегуваат низ препона, доаѓа жена да ме бричи, ич не ми се свиѓа во кој правец оди ова.  Во таа соба има уште 7 пациенти, сите за катетеризација. Една сестра секогаш е тука, поголемиот дел од денот има и лекар а реално ги има и повеќе.

Лежам, чекам, кога влегува некоја постара докторка, сфаќам дека е професорка од факултет, со осум девојки, и право кај мене.

- Добар ден, Растко.
- Добар ден.
- Ова се наши студентки, ако не е  проблем, тие малку би ве прашувале, би носеле некои заклучоци, јас ќе дојдам попосле па ќе го поминеме ова.
- Се разбира дека не е проблем.

Муабетам јас со нив и низ глава ми проаѓа, што ако сега се појави онаа што бричи? Во некој момент девојките си одат и викаат дека ќе се вратат брзо.

По нив, влегува госпоѓата што бричи. Зошто јас мислев дека ќе има машинка или онакво рачно, еве не знам.

- Добар ден, вие сте Растко?
- Добар ден, јас сум.
- Соблечете ја горната пижама.

Ја соблекувам и таа фаќа да ми ја бричи подлактицата?!?!

- Оти ми ја бричиш раката?
- Знаете, катетеризацијата сега оди преку рака. Потешко е за лекарите ама многу полесно за пациентот.

Додека ме бричеше, ме закачи преку вена, посилна гребнатина, ми пушти крв. Премина на левата рака, тоа пројде без инциденти. Добро, и ова го завршивме.

- Добро, сега соблечете ја долната пижама и гаќите.
- А?
- Па ако не можат преку рака, тогаш преку препона.

Тибам животот. Креветот ми е меѓу некои две баби. Полна соба пациенти, сестри, техничари, доктори, влегува кој стигне, атмосфера ко на Кнез Михајлова.

Ги симнувам гаќите, добро не ми е. Ни жив ни мртов.

Ме фаќа тетката за врсникот, го развлече нагоре како да треба да ме подигне од кревет а не да ме бричи. Почна да мавта со оној берберски брич, ми се слоши. Да не спомнувам дека никаква пена за бричење, па дури ни вода, не се вклучени во зафатот. Тресе тетката на суво.

Гледам во раскрварената подлактица, си мислам оваа сега ако утне, ќе ме реши и од она малку беда што ја имам. Згора на сè, на Господ му се молам оние девојки да не се вратат баш сега. Минути ко години, не проаѓа времето. Си ја пцујам мајката влакнеста, оваа го развлекува, уште малку да го цимне, во раце ќе ѝ остане.

Се заврши и тое некако, јас останав во едно парче, девојките се вратија подоцна, сè супер, само што сум помазен од обично. Сега ако некој  сака да ми каже дека тоа е нормално, болница е... Не е нормално. Пациенти наоколу, сестри, техничари, лекари... И оваа со бричот, гром да ја отепа.

@Rakojlo

* Ви препорачуваме приказната да ја прочитате и во оригинал. На српски е уште поурнебесна.

12 март 2024 - 13:02