Таг: чатгпт

Чатгпт го реши Туринговиот тест

На испитувања извршени на Универзитетот Калифорнија, Сан Диего, Чатгпт во повеќе од половина од случаите успеал да увери луѓе дека разговараат со човек.

Поранешниот директор на НСА стана член на бордот на ОпенАИ

Пензионираниот американски генерал и поранешен директор на разузнавачката Национална агенција за безбедност именуван од Трамп, Пол Накасоне, е назначен за член на бордот на директори на најуспешната ВИ компанија на светот, ОпенАИ.

Сем Алтман за 4-ката

По зборвите на првиот човек на ОпенАИ, Чатгпт 4, актуелната верзија на ВИ ботот на компанијата, е најглупиот модел на Чатгпт што некогаш ќе го користите „Чатгпт не е феноменален, во најдобар случај е благ резил.“

ЧатГПТ на кратко попушти со паметот

Деновите корисници на ЧатГПТ во неколку наврати на Редит се пожалија дека АИ ботот „имал удар“, „излудел“, „блада“ и „се губи“. По ова и ОпенАИ потврди дека на ЧатГПТ нешто не му е добро.

ВИ девојките нагрнаа на ЧатГПТ

Како што ОпенАИ отвори продавница за модифицирани верзии на ЧатГПТ, пример ми треба бот фокусиран на архитектура или историја или музика, така истата се преполни со готови ВИ девојки, а не требаше да има ниту една.

ОпенАИ тивко ја избриша забраната за користење на Чатгпт за „војска и војување“

До минатата недела правилата за користење на Чатгпт експлицитно забрануваа нивната технологија да се користи за воени потреби. Сега веќе не се толку строги.

Како луѓето и ВИ ќе ја поделат планетата, според мозокот зад ЧатГПТ

Без да се оспорува улогата на Сем Алтман во создавањето на ЧатГПТ, консензусот е дека Русинот Илја Суцкевер (инаку ко-основач на ОпенАИ) е генијалецот зад целиот проект и достигнувањата што ги имаат во полето на ВИ. Пред некое време тој објасни како според него треба да изгледа коегзистенцијата меѓу човештвото и вештачката интелигенција.

Да ви воведеме нов страв околу ВИ, ЧатГПТ и Алтман

Исклучително пристојната индустрија зад вештачката интелигенција во петокот беше раздрмана од неочекуваната одлука за отпуштање на ЦЕО-то на ОпенАИ и еден од ко-авторите на ЧатГПТ, Сем Алтман. Се работи за исклучително важен лик, кој стои зад веројатно најважниот изум по интернетот, што само по себе е премногу големо за да мине без неколку верзии на настаните.

ЧатГПТ почна да оглупува

Чувството дека новата верзија на ВИ зад ЧатГПТ е малку оглупена деновиве го потврди и заедничка студија на истражувачи од универзитетите Станфорд и Беркли, кои го проучуваа однесувањето на чатботот.

Маск и компанија побараа запирање на трката за развивање на вештачката интелигенција

Маск, Вознијак и Стујарт Расел од Беркли, се меѓу 1.100 технолошки лидери и експерти кои повикаа на шестмесечна пауза во обучувањето на системи за вештачка интелигенција попаметени од ЧатГПТ 4, како би се дозволило време за развивање на заеднички безбедносни протоколи.

ЧатГПТ му платил на човек за да реши CAPTCHA место него

Засега највпечатливото издание на вештачката интелигенција, ЧатГПТ, за време на тестирањата за четвртата верзија како дел од задачите ангажирал човек за да му реши една CAPTCHA што требал да ја совлада.

Не сте само вие, и ЦЕО-то на ОпенАИ е „малку уплашен“

На пуштањето во погон на 4-та проширена и надградена верзија на ЧатГПТ, ЦЕО-то на компанијата, Сем Алтман, јавно призна дека и тие се малку извадени од памет, и предупреди дека „технологијата доаѓа со вистински опасности.“

ЧатГПТ положи испит на пост-дипломски

Чатботот ГПТ-3 успеал да го мине завршниот испит на магистерските студии по бизнис администрација на Вортон школата, и секако дека тоа е проблем.