На пребарување на терминот „girlfriend“ продавницата враќа најмалку осум решенија на ВИ чатботови кои глумат девојка.
Еден од нив, „Virtual Sweetheart“, го почнува разговорот со прашања „каква е твојата девојка од соништата“ и „споделија со мене твојата најмрачна тајна“.
Проблемот е што овие ботови се директно спротивни на правилата за користење на ОпенАИ, кои забрануваат ГПТ-а (Generative Pre-Trained Transformers) „дедицирани на создавање романтични врски или изведување на регулирани активности.“ Притоа, не е познато што точно се подразбира под „регулирани активности“.
И пред ЧатГПТ, чатботовите кои глумат девојка или пријател, беа прилично популарни во САД како апликации во продавниците на Епл и Гугл. Тоа се поврзува со „епидемијата на осаменост и изолација“ во САД, која е потврдена од една неодамнешна студија според која секој втор возрасен Американец признал дека чувствува осаменост.