Како Илон го гледа светот

Фридман му беше домаќин на Илон и го расчачка милијардерот за војните што се случуваат денес, за потенцијалниот иден конфликт меѓу САД со Кина, плус некои теми што повеќе го интересираат како СпејсИкс и Грок, неговиот проект за ВИ.

Илон верува дека војната меѓу САД и Кина во некоја не така далечна иднина е неизбежна околу теми како Тајван, доколку во меѓувреме за тоа не се изнајде дипломатско решение. Веројатноста се зголемува и од фактот што САД е свесен дека економијата на Кина не застанува да расте и ќе ја надмине американската, што во секоја историска ситуација до сега доведувало до војна:


Околу двете моментално најактуелни војни, Илон инсистира на предлогот што го даде уште пред една година кога препорача дека Украина треба да прифати мировни преговори, а неговата процена за состојбата на фронтот е дека таа ќе остане непроменета бидејќи кој и да тргне во офанзива ќе претрпи неколкукратно повеќе жртви отколку тој што брани. Или како што објаснува, се работи за ист конфликт како Првата светска војна, само со дронови.


Маск има порака и за Зеленски:


Процената за војната меѓу Израел и Хамас е дека Хамас никогаш не се надевал на успех во директен судир со Израел, но затоа целосно успеал да ја оствари својата првична намера преку извршување на најлошите злосторства што можеле да ги смислат за да предизвика претерана реакција од Израел.

 

За воените затвореници во Втората светска војна:


Од полесните работи, Илон зборуваше за некои од проблемите на СпејсИкс и Тесла со бирократија:

 

Околу Грок проектот за вештачка интелигенција неодамна пуштен во јавност од ИксАИ кој треба да му конкурира на ЧатГПТ:


Нешто за Трамп и Трут соушал:


Целиот разговор:

14 ноември 2023 - 11:45