Од купувањето, кога го плати Твитер 54,2 долари по акција, Илон во неколку наврати изјави дека ја преплатил социјалната мрежа, а во март годинава во писмо до вработените напиша дека верува дека компанијата вреди 20 милијарди долари, нарекувајќи ја „обратен стартап“.
Во оваа година дена сопствеништво на Твитер, Маск отпушти или сами си заминаа 80% од 7.500 вработени. Го промени начинот на верификација (која сега може да се купи), и правилата за модерирање на содржините. Компанијата има и пад на парите од реклами, од кои само приходите од американскиот пазар се намалени за 60%.
И покрај резултатите, Маск останува оптимист околу иднината на компанијата, и неговиот план останува дека Х би можела да служи како апликација за повеќе потреби, вклучително плаќање, вработување и лични контакти.