Спејсикс има рок од 2030 да создаде рок и да ја заврши мисијата за симнување на МВС. Државите кои работат и ја управуваат МВС се согласија дека таа најдоцна до 2030 треба да затвори и да се уништи.
Компанијата за ова доби 843 милиони долари, за кои треба да го изработи „летало за деорбитирање“ што ќе ја врати станицата во атмосферата на Земјата каде и добар дел од нејзе се очекува да се распадне, а остатокот треба да удри во јужниот Пацифик, на околу 2.500 километри од најблиското копно, каде до сега имаат завршено над 263 парчиња „пензионирани“ вселенски летала.
„Планот да се уништи МВС се смета за една од најбезбедните и најлесните стратегии за решавање на огромното парче машинерија. Претходно се размислуваше на расклопување на станицата и рециклирање на одредени делови од неа, како и предавање на управувањето со МВС на приватна компанија. Тие дури предложија и туркање на станицата во повисока орбита каде би стоела за историско зачувување и анализа. Сепак на крај, правните, финансиските и техничките комплексности на овие опции ја откажаа НАСА од истите,“ пишува магазинот Смитсониан.
Планот е последните космонаути да ја напуштат станицата една година пред таа да биде соборена.
Од 1998, САД, Русија, Јапонија, Европа и Канада одржуваат различни делови од станицата, а од 2000-та вселенската станица континуирано има некој на нејзе и од тогаш во неа се извршени над 3.300 научни експерименти. Според Европската вселенска агенција, одржувањето на МВС во период од 30 години чини околу 100 милијарди долари.
До крајот на службата на МВС се очекува дека приватни компании веќе ќе имаат изградено комерцијални вселенски станици кои би биле лансирани во ниската орбита на планетава.