Таг: илон маск

Маск простува, Твитер елитите никогаш

Илон Маск (не без прашање) реши да спроведе генерална амнестија на банираните Твитер профили, а меѓу помилуваните е и поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп. Ваквите потези наидоа на негодување кај елитите кои се плашат дека обичниот народ нема капацитет сам критички да ги свари вестите и информациите што ги добива.

Твитер ја учи Алиса Милано што е иронија

Актерката и политички активист, Алиса Милано во саботата се пофали дека Теслата ја заменила со електрично возило на Фолксваген, и тоа во борба против „омразата и белата надмоќ“ и фирмите што купуваат рекламен простор на Твитер. И не ѝ ја простија површноста.

Трагедијата на бунтот против Твитер во два твита

Американската новинска мрежа Си-би-ес викендот го почна со триумфална објава дека официјално престанува со објавување на Твитер главно заради несогласување со промените по доаѓањето на Илон Маск. Викендот уште не беше завршен а Си-би-ес веќе беше официјално пишманет.

Ултиматумот на Маск

Илон Маск, при крај со нервите околу Твитер, на сите вработени на компанијата деновиве им прати меил во кој ги наведе глобалните насоки на Твитер за идните години, плус еден линк. На линкот има две опции, сакам да продолжам во Твитер или не сакам. И имаат два дена да одлучат каде ќе кликнат.

А зошто сите да не плаќаат за користење на Твитер?

Паралелно со блокадата на Твитер од спонзорите, новиот газда на платформата и нему блиските дискутираат околу воведување претплата за користење на Твитер и ограничување на бројот на бесплатни твитови што кој било може да ги види.

Нема мрдање од 8 долари претплата за Твитер

Во основа Твитер и понатаму останува бесплатен за користење, освен ако не сакаш сино стикерче до твоето име. Да не биде дека плаќаш само за амблем, Маск најавува и пакет услуги за претплатниците.

Илон Маск влезе во Твитер, ваистину влезе во Твитер

Опремен со лавабо (кое му требаше заради исклучително глупа фора) Маск ноќеска триумфално влезе во седиштето на Твитер, два дена пред да ги плати парите за преземање на компанијата.

„Милијардерот со вилата“ и „идиотот“

Каспаров доби шанса да излезе на американски медиуми каде првично му се ссна на неименуван милијардер „кој седи во својата вила во Силициумската долина и и' кажува на Украина што треба да прави, и тоа е морална идиотштина и геополитичко слепило“.

Трета светска војна во три чекори

Сценариото според Илон Маск е следно: За Русија Крим апсолутно е Русија. И Русија попрво би користела нуклеарки отколку да го изгуби Крим. Ако Русија користи нуклеарки, и Западот ќе користи нуклеарки.

Илон Маск ќе продолжи да плаќа за Старлинк

Во твит кој наликува како повеќе да му е криво што другите компании заработуваат милијарди од помошта за Украина, а тој уште ги плаќа сметките за Старлинк, Илон Маск објави дека интернет сервисот сепак ќе продолжи да функционира во Украина, на негова сметка.

На Украина и заврши гага користењето на Старлинк?

Сака Пентагон, сака Украина да плати, ама Спејсикс веќе нема да го покрива трошокот за користење на Старлинк интернет сервисот во Украина и испораката на нови терминали, покажуваат документи испратени од Спејсикс до Пентагон.

Што ако Маск изгуби на суд и пак одбие да го купи Твитер?

Маск моментално е на суд каде Твитер му ги бара 44-те милијарди долари што овој требаше да ги уплати за купување на компанијата пред целосно да се откаже од намерата.

Старшип, назад во гаража

Тестирањето на вселенскиот брод на СпејсИкс, Старшип, вчера заврши со масовна експлозија на космодромот во Тексас и признание од Илон Маск дека „ова не е добро“.

Ништо од купувањето на Твитер

Илон Маск официјално поднесе документи за терминирање на процедурата за купување на Твитер по основа дека социјалната мрежа лажела за време на преговорите.

Синот на Илон Маск реши да стане ќерка

Транссексуалната ќерка на Илон Маск официјално побарала менување на своето име „во согласност со нејзиниот нов идентитет“, а за да не оди два пати по шалтери во исто време се откажала и од својот татко Илон.

Илон Маск ќе го враќа Трамп на Твитер

Во моментот кога Маск ќе стане газда на Твитер, тој ќе ја укине доживотната забрана за поранешниот американски претседател да се појави на платформата, затоа што истата едноставно е глупа.

Саудијците си легнаа на Твитерот

Саудискиот принц кој по основа на своите акции го крена гласот против потенцијалното угнетување од Илон Маск кога овој најави дека ќе го купува Твитер, вчера порача дека сака да биде другарче со Маск.

Здружни демократи, ЕУ и Сорос решија да му ја вадат душата на Маск за Твитер

Поранешни членови на претседателските тимови на Клинтон и Обама, помогнати од Сорос и влади од ЕУ стојат зад анти-Маск кампањата за присилување на големи корпорации да го бојкотираат Твитер.

Нетфликс падна за 200.000 претплатници и 50 милијарди долари

Нетфликс тврди дека падот на бројот на претплатници е заради повеќе проблеми, од крајот на пандемија до тоа што претплатниците се нефер и делат пасворди, Илон Маск тврди дека Нетфликс и нивните „разбудени“ содржини се сами криви за падот на претплатници.

Лошо, полошо, најлошо, Илон Маск во Твитер

Атлантик, прв пасус: „Тој го нарекува Маск ’кењатор што испорачува’. Па дури и надополнува: Маск претставува тип на кењатор каков што немаме видено до сега.“ Вашингтон пост, прв пасус: „сквернавителот на сервисот“. Гардијан, наслов: „Визијата на Елон Маск за интернетот се опасни глупости.“

Соларни математики од Маск

Од еден квадратен километар од соларна енергија се вади 1 гигават струја. Од еден квадратен километар со стандардни извори се вадат 200 мегавати струја.