Таа барањето го поднела во судот во Санта Моника уште во април годинава, а освен околу идентитетот побарала и раскрстување со татко ѝ:
„Јас повеќе не живеам ниту сакам да бидам во сродство со мојот биолошки татко на кој било начин, изглед и форма“.
Се работи за Ксавиер Александер Маск, еден од близнаците кои беа првите деца на Маск, другиот е Грифин. Тој неодамна наполни 18 години што е најниската возраст на која можеш да го смениш својот род во Калифорнија.
Ксавиер го брише секој траг од името на својот татко и по ново ќе биде Вивиен Џена Вилсон, земајќи го презимето од својата мајка, Џастин Вилсон која се разведе од Маск во 2008.
За сега нема никакво дополнително објаснување за судирот меѓу Маск и неговата, сега, првородена ќерка.