Интернетот од Старлинк кој моментално е единствен начин на комуникација за најголемиот дел од војската и цивилите во Украина кои се во близина на фронтот и понатаму ќе продолжи да функционира како и до сега. Во повеќе наврати услугата од Маск беше пофалена за клучна во успесите на украинската армија во војната против Русија.
Маск споредбата ја прави со Боинг и Локхид Мартин на кои САД регуларно им плаќаат милијарди долари за оружјето што го испорачуваат на украинскиот фронт како дел од помошта за земјата.
Минатата недела Маск инстантно стана државен непријател на Украина, откако беше објавено дека по речиси 8 месеци војна, Спејсикс побарал некој да почне да плаќа за услугата што бесплатно и ја обезбедува на Украина. Веста објавена од Си-ен-ен беше од протечени документи од Пентагон од преписката со Спејсикс, нешто што според Маск не е случајно:
Најавата за гасењето на сервисот се случи во исто време откако тој, неповикан, објави сопствен предлог мировен план за војната во Украина, на што имаше лавина јавни реакции, меѓудругите и од високи украински функционери кои му порачаа „да одјебе“.
Како што објаснува Маск на Твитер, освен парите за услугата, Спејсикс има трошок и за производство, лансирање, одржување и замена на сателитите и земските станици, плус им плаќа на телекомите за пристап до интернет, или се на се трошок за одржување кој се приближува до 20 милиони долари месечно.
Во преписка со Ким Дотком, сопственикот на Мега аплоуд, Маск признава дека баш и не му оди најдобро во навигирањето низ војната во Украина.