Холивуд има проблем со жените и тоа е така. Во последно време, работата станува и полоша, во смисла на тажно малиот број битни женски карактери (па дури и женски кои ќе зуцнат било што во филмот). Дури и кога ќе добијат добра прилика, платени се помалку од машките колеги.
Со тоа на ум, не би требало никого да чуди дека порно индустријата е попрогресивна кога се работи за "праведната застапеност" и опсегот на права на женските работнички. Така мисли и Стоја која за HuffPost Live уверливо објасни дека пред камерите, жените во порното имаат поголеми шанси. Просто, ретко ќе најдете порно филм во кој машкото е главниот мамец.
"Кај нас жените се ѕвезди, па ако го фокусирате филмот околу неговата главна ѕвезда, јасно е кој ја води играта," вели Стоја.
Но, не е така само пред камерите. Шансите за напредување се поголеми од холивудските и кога се работи за останатите делови од бизнисот. На пример, токму Стоја и нејзината другарка Кајден Крос неодамна отворија нова веб платформа со "плаќање по сцена" од која се очекува да го размрда целиот порно бизнис модел.
А тоа е само еден пример во кој жените во порното "ги земаат работите во свои раце" и стануваат лидери во индустријата. Крос вели дека денес на жената ѝ е лесно да го напушти снимањето и да застане во некој друг битен сектор од проектите (продукција, инвестиции). Дури и да немаат менаџерски амбиции, многу порно девојки имаат свои платени сајтови со што можат сами да ја одредуваат нивната деловна судбина а не цел живот скотски да работат за туѓи бели дворови.