Двеста евра

200 ебени евра немало во оваа ебена држава (која штотуку му фукна преку 100 милиони на Бехтел уште на нефрлена лопата) за да му се плати превоз на македонски професор кој со години го има натопувано хрватскиот академски простор со љубов за македонскиот јазик и литература. Докажаниот македонски пријател Горан Калоѓера, кому оваа и оваква Македонија одамна му ги тенчи нервите, грми и и беснее со право.

Ова е моја порака, полна со огорченост и лутина од  академската заедница на Универзитетот Кирил и Методиј, првенствено од Семинарот за македонски јазик и Институтот за македонски јазик.

Да бидам прецизен, со договор меѓу ријечкиот ректор, академикот Даниел Рукавина и скопскиот ректор Ѓорѓи Мартиновски, на моја иницијатива беше решено на Универзитетот во Ријека да се формира Лекторат за македонски јазик. Во студиската 2008/2009 година, професорот Васил Тоциновски беше избран за прв лектор, предавач на новооснованиот Лекторат. Работата на професорот Тоциновски беше извонредна, не само како предавач туку и како афирматор на македонското културно наследство во Хрватска и тој тоа го правеше одлично.

Привлече голем број студенти, ги анимираше и многумина од нив ги направи вљубеници во македонскиот јазик и литература па голем дел од нив и дипломираа македонска книжевност во Ријека.

Сега, Семинарот за македонски јазик и Институтот за македонски јазик, на 10 мај слават годишнина од Лекторатот, основан во 2008. Организирана е јубилејна промоција на Зборник (во кој со два мои текста го бележам настанувањето и развојот на Лекторатот. 

Случајно, вчера се најдов на Филозофскиот факултет и добив покана за Денот на факултетот па ја прашав лекторката Билјана Стојановска, како оди организацијата на годишнината на Лекторатот.

Лекторката ми наведе неколку имиња на дами кои со основањето и развојот на Лекторатот немаа никаква врска. На моето прашање дали доаѓа професорот Тоциновски, ми беше одговорено дека сместувањето му е обезбедено, ама „институциите“ не можеле да му платат авионска карта. 

Тоа не само што ме разбесни туку и длабоко ме повреди. Основоположникот и човекот кој ги постави темелите на еден од најдобрите Лекторати во Хрватска, значи и во Европска Унија, не може да добие 200 евра за да му се плати билет до Загреб и назад.

Веројатно затоа што е пензионер. А за дамите има пари.

Мојот одговор беше јасен: ако во Ријека не се појави професорот Тоциновски, ме нема ни мене, па нека се договараат дамите каде се иницијаторите и основачите. Од Македонија веќе ми е преку глава, ама нешто вакво да му приредиш на свој човек кој 4 години беше амбасадор на македонската култура во Хрватска е недозволиво, неетички, безобразно, неколегијално и понижувачки.

Останувам на свое, длабоко  разочаран и повреден, затоа што знам што има Тоциновски направено (прашајте го поранешниот амбасадор Марковски, членовите на „Илинден“ и другите македонски друштва во Хрватска каде тој има гостувано и зборувано).

Ако тој не се појави, заради некои ебени 200 евра, да ги набијам сите на една работа и да го заклучам мојот однос со Македонија.

Срам да ви е, вас на Семинарот и на Институтот. Со вас јас и натаму да комуницирам и соработувам - нема шанси. Јадно и бедно.

Горан Калоѓера

***********

Види и:

Драги мои Македонци, сè ви е напишано, само што не читате

Бугарска елито, дајте приберете се

Климент и Наум први се побунија против идеите на бугарскиот двор

 

28 април 2023 - 15:38