Бугарска елито, дајте приберете се

Баталете ги своите експанзионистички цели кон Македонија. Доста е веќе со тие срања,  му одат на нерви на секој малку од малку образован човек а посебно мене, кому вашите намери кон Македонија му се јасни уште кога Турците ви подарија кнежевство.

Сто пати си имам кажано дека веќе нема да пипам во македонско-бугарските односи бидејќи си станувам глуп и досаден на самиот себе заради често повторување на едно те исто. Но, кога ќе го видам трудот и залагањето на мои колеги и колешки, на пример Наташа Котлар, Митко Панов, Јелка Улчар и други, едноставно побеснувам.

Па зарем веќе не е доста од тоа непотребно препукување околу Делчев, македонскиот јазик, Мисирков и слични одредници на македонската национална историја?

Навлегувањето на бугарската дипломатија во националната историја на Македонија и ревидирање на историјата со тоа што ќе се формираат политички а не научни комисии, е надвор од протоколите на дипломатските узанси на културни и демократски земји. 

Господо бугарски дипломати, политичка елито, дајте приберете се и баталете ги своите експанзионистички цели кон Македонија. Доста е веќе со тие срања,  му одат на нерви на секој малку од малку образован човек а посебно мене, кому вашите намери кон Македонија му се јасни уште кога Турците ви подарија кнежевство.

Доста е, господо, прашање на време е кога Македонија ќе стане ваш рамноправен партнер во ЕУ и НАТО. Доста. Готово. Делчев е неоспорен дел од македонската револуционерна историја и вие нема што да барате. Македонскиот е суверен јазик на македонскиот народ па и тука нема што да барате. Не барајте повеќе и не закачајте ја мечката, помина тој воз. Во тоа име ќе се напијам една добра домашна, комова.

Горан Калоѓера

 

 

 

 

8 мај 2022 - 13:22