„Преголема моќ е концентрирана во рацете на 'акционерски сервис' компании како ИСС и Глас Луис, бидејќи толку голем дел од берзата се пасивни/индекс фондови кои ним им го аутсорсираат гласањето на акционерите.
ИСС и Глас Луис, во пракса ја контролираат берзата,“ напиша Маск на Твитер.
Во 2020, ИСС им препорача на акционерите на Тесла дека треба да гласаат против ре-изборот на претседателот на компанијата Робин Денхолм, бидејќи директорите на компанијата биле претерано платени и заложиле голем дел од акциите за персонални позајмици.
Во 2018, и ИСС и Глас Луис на акционерите им препорачаа гласање против планот на Тесла да му се даде на Маск удел во компанијата во износ од 2,6 милијарди долари, бидејќи сумата не може да биде оправдана.
Како што објаснуваат од Блумберг:
„ИСС и Глас Луис доминираат со прокси-советничката индустрија во која менаџери на фондови контактираат трети страни од кои бараат совет како да се искористат гласовите од акционерите во нивните фондови.
Бизнис групите долги години се жалат дека ИСС и Глас Луис имаат несразмерно големо влијание врз корпоративното управување кое им дозволува да постават стандарди во американските бордови, благодарејќи на тоа што инвеститорите се потпираат на нивните препораки.“