Твитер е, нели сега, на Илон Маск, кој е и сопственик на Тесла.
„Ја вратив Теслата,“ твитна Милано на платформата на Маск. „Ја купив електричната кола на Фолксваген. Многу ми се допаѓа. Не знам како можат огласувачи да купуваат простор на Твитер. Производи од компании што јавно се наддаваат на берза на исто место со омраза и бела надмоќ не ми е некој победнички бизнис модел.“
На Твитер корисниците не им требаше многу да се закачат за информацијата и да истакнат дека Фолксваген е основан и изграден во Германија во ‘30-те, кога Хитлер беше канцелар.
Видете како се радува канцеларот:
Главно ѝ се смеат конзервативци, веројатно затоа што на дел од левичарите им е незгодно, а дел се еднакво удрени со мокра чорапа, ама:
.
— cmetz (@cmetz81501469) November 26, 2022
Alyssa Milano didn’t like the Twitter accounts Elon Musk is allowing on his platform, so she dumped her Tesla and replaced it with a vehicle made by a company founded by literal Nazis because she’s fighting white supremacy. I’ve got nothing.
.https://t.co/GS4TuLZ561
„На Алиса Милано не ѝ се бендисале Твитер-профилите што Маск ги пушта на неговата платформа, па ја фрлила Теслата и ја заменила со возило направено од компанија основана од буквални нацисти, затоа што се бори со белата надмоќ. Не знам што да кажам.“
Инаку, Маск го купи Твитер во октомври за околу 44 милијарди долари и се завети дека ќе го направи платформа за слобода на говор за сите. Објави и анкета „дали Трамп треба да се врати откако го избркаа“ и 51,8% од корисниците се изјаснија со „Да“.
Сите нормални сакаме да се бориме против белата надмоќ, фашизмот и шовинизмот. Само штета што највидливите претставници ни се вакви.