Таг: фолксваген

За прв пат во 87 години Фолксваген ќе затвора фабрики во Германија, и тоа три

Економските проблеми на Германија и сè повисоките трошоци за производство го натераа производителот на автомобили да планира затворање на три свои фабрики во матична Германија, со што на улица ќе останат стотици илјади вработени.

Твитер ја учи Алиса Милано што е иронија

Актерката и политички активист, Алиса Милано во саботата се пофали дека Теслата ја заменила со електрично возило на Фолксваген, и тоа во борба против „омразата и белата надмоќ“ и фирмите што купуваат рекламен простор на Твитер. И не ѝ ја простија површноста.

Ламборџинија, Поршиња и Аудија горат сред Атлантски океан

Во близина на азорскиот брег се случува непланиран викиншки погреб за илјадници возила, меѓу кои и луксузни примероци од горенаведените брендови, откако избувна пожар во товарен брод што вози за Фолксваген.

И колата имаше посед на топка и шанси

Како еден од главните спонзори на Евро 2020, германскиот гигант Фолксваген смисли интересна идеја како да стигне до публиката. На нивна количка на далечинско управување до центарот на теренот беше донесена топката со која се играше мечот на отворањето Италија - Турција (3:0).

Фолксваген Буба, народната кола на Хитлер и подемот на Волсфбург

Волсфбург, град на реката Алер, 75 километри источно од Хановер е град со најголемата фабрика за автомобили на светот, изграден врз село во 1938-ма година. Најголема забава за жителите е бундеслигашот Волфсбург кој во 2003-та сензационално ја освои шампионската титула.

Како „Дизелгејт“ ја спаси германската авто-индустрија

Во 2013, Шпигел ја опишува работата во Фолксваген како „ова е Северна Кореја ама без кампови“, и тоа се однесува на начинот на кој тогашниот ЦЕО Мартин Винтеркорн управува со компанијата, никој не смее да ги критикува неговите одлуки, па дури ни највисоките директори.

Како Фолксваген излезе жив од речиси фаталната сообраќајка

Пред 3 години Фолксваген беше центарот на веројатно најголемиот скандал во историјата на автомобилската индустрија. Откако беше фатен дека ги лажирал тестовите за загадување, компанијата се претвори во глобален главен непријател, заврши со казни од околу 30 милијарди долари и глобален презир. Минатата година групацијата Фолксваген беше број 1 во светот по продажба на автомобили.

Како точно Фолксваген ги прелажа мерачите за загадување?

Дизелгејт на Фолксваген останува една од најголемите и најмасовни измами во историјата на корпорациите, не само на авто-производителите. Како што минува времето целата афера само се збогатува со содржина, последно е дека германската корпорација ги тестирала издувните гасови од своите автомобили на десет мајмуни.

Сложни Германци дизел не ги бие

Фолксваген, Ауди, Порше, БМВ и Мерцедес во 1990-те формираат таен картел за соработка на тема заобиколување на прописите околу загадувањето од дизел, објавува Шпигел.

Добро радио автомобилски врати отвора

Во милиони коли од марки како Фолскваген, Ауди, Сеат или Шкода што се продадени последниве 20 години може лесно да се влезе со помош на стар радиокасетофон. Фолскваген признава дека имаат проблем. 

Возачи на Фолсквагени ќе добијат 10 милијарди долари

Околу 500.000 сопственици на дизел Фолксвагени ќе добијат меѓу 1.000 и 7.000 долари да ја средат машината која досега лажно им покажуваше дека е нежна кон околината.

Фолксваген даде рака на 1 милијарда долари отштета

Американската влада, приватни адвокати и Фолксваген се договорија дека последниов ќе даде над 1 милијарда долари за компензирање на сопствениците и плус ќе откупи дел од речиси 600.000 дизел автомобили за кои се покажа дека имаат штелувани резултати на тестовите за издувни гасови.

Зошто на Фолксваген му се брза да се спогоди со купувачите

Во четвртокот Фолксваген објави дека го ангажирале адвокатот Кенет Фејнберг, да помогне во програмата за исплаќање отштета на возачите на "штелувани" дизел автомобили. Фејнберг е истиот човек кој го раководеше делењето отштета на жртвите од 11-ти септември и маратонот во Бостон.

Фолксваген: еве како сè ќе средиме

Во видео објавено на својот ЈуТјуб канал, Фолксваген груп го претставија планот за решавањето на проблемот со ЕА 189 дизел моторот (1,6 и 2 литарски), кој беше првообвинет во скандалот за штелување на резултатите за издувни гасови.

За казна, натерај ги Фолксваген да произведуваат електрични автомобили

ЕПА треба да инсистира Фолксваген во рок од пет години да почне да произведува исклучиво само електрични возила за американскиот пазар за да надомести за издувните гасови од милионите автомобили што ги продале, пишува колумнистот на Гардијан Јон Јадигароглу.

Како Фолксваген упропасти 55 години одличен маркетинг

Германците својот влез на американскиот пазар го почнуваат со сега веќе легендарната кампања со слика од Буба под која пишува "Лимон" а во текстот се објаснува оваа Буба (лимонот во приказната) заради најмала дамка не е товарена на бродот за САД. Од тогаш компанијата има феноменална маркетинг серија која трае 5 и пол децении.

Волфсбург капут?

Учесникот во Лигата на шампионите, Бундеслигашот Волсфбург се соочува со сериозно неизвесна финансиска иднина, поради големиот скандал во кој е вмешана автомобилската компанија Фолксваген.

Како Фолксваген заглиби во чистиот дизел

Германската компанија е пред групна тужба откако призна дека фабрички ги штелувале сензорите на 11 милиони автомобили за да покажат пониски нивоа на загадување. Фолксваген во своја одбрана има да каже - дајте ги адвокатите на Бритиш Петрол за Дипвотер Хорајзон.

Porschewagen

За 4,6 милијарди евра Фолксваген ќе ги купи преостанатите 50,1% од акциите на Порше. Со ова ќе се заврши и 7-годишната борба меѓу двете најмоќни семејства во Германија.