Данке Дојчланд, данке Фолксваген

Сето она на германска територија што Фолксваген кенка дека не може да го одржи во работна состојба и нема пари за да продолжи со производство Кинезите со задоволство би го земале под свое.

Од целото индустриско богатство што би го добиле со купување, за Кинезите најважен е престижот и влијанието што би го имале со преземање на германската технологија и капацитети. Кинезите до сега ова го направија во најразлични иконски европски индустрии кои последниве децении беа пред крах.

На страна меракот што ќе си го направат, купувањето на германските погони на Фолксваген ќе ги раатиса Кинезите и од се поголемите тарифи што ЕУ ги наметнува за електричните возила што не се произведени на европска територија.

Кинеските закони предвидуваат дека секоја поголема кинеска инвестиција во странство треба да биде одобрена од властите во Пекинг. Оваа се проценува дека многу ќе зависи и од позицијата што новата германска влада ќе ја има кон Кина по парламентарните избори во февруари.

Што е до Фолксваген, за нив не е никаков проблем да продадат своја фабрика на кинески купувач.

17 јануари 2025 - 11:10