Фејнберг во овие два случаја се истакна по способноста да го затвори процесот во разумна временска рамка, за тој да не се пролонгира со години. До сега Фолксваген во САД се соочува со над 500 тужби од сопствениците на околу 482.000 дизел возила кои загадуваат над дозволените граници.
Доколку се дозволи тужбите да го истераат својот природен тек, тогаш тие може да се влечкаат со години и да ја чинат компанијата многу повеќе милијарди отколку сега.
Едно од веројатните, и меѓу поевтините решенија на проблемот со муштериите ќе биде Фејнберг да откупи дел или сите 482.000 возила со 2.0 литарски ТДИ со 4 цилиндри.
Фолксваген веќе испрати план до американската Агенција за заштита на околината за отповикување и поправање на сите проблематични возила. Агенцијата неделава треба да даде одговор на предлогот од компанијата.