Како точно Фолксваген ги прелажа мерачите за загадување?

Дизелгејт на Фолксваген останува една од најголемите и најмасовни измами во историјата на корпорациите, не само на авто-производителите. Како што минува времето целата афера само се збогатува со содржина, последно е дека германската корпорација ги тестирала издувните гасови од своите автомобили на десет мајмуни.

Компанијата до сега се извини за лажењето, повлече илјадници автомобили, плаќаше оштета на илјадници сопственици, плати казна кон државите што тоа го побараа, отпушташе директори, а првиот човек на американскиот оддел на Фолксваген за инженерство и заштита на околината, Оливер Шмит, доби 7 години затвор во САД.

Њујорк тајмс пред некое време објави дека Фолксваген им пуштал издувни гасови од своите возила на мајмуни затворени во пластични кутии, за да покаже дека нема да им штетат.

Севкупно скандалот го чини Фолксваген речиси 30 милијарди долари.

До денот на откривање на Дизелгејт, Фолксваген имаше продадено 600.000 дизел возила со уреди за лажирање во САД, и уште 11 милиони возила низ остатокот од светот.

Инженер фаќа детално (инженерски) да го објасни целиот процес на работа на уредот кој Фолксваген го создаде за да ги заобиколи ограничувањата на загадувањето низ светот:


За Дизелгејтот ама од неинженерска перспектива:

28 февруари 2018 - 13:19