Решението (за едно ниво повисоко од - а да пробате уште еднаш да го рестартирате) се сведува на софтверски апдејт и еден пластичен делч.
Задача на софтверскиот апдејт веројатно е штелуваниот сензор да го врати на пристојни бројки и да почне поштено да брои, а пластичниот дел е "трансформатор на проток" кој треба да го изедначи протокот на воздух што влегува во сензорот на масовен проток (МАФ). Овој сензор е компонентата на моторот која регулира колку воздух влегува во моторот, што потоа одредува и колку гориво ќе биде вшприцано во моторот.
Инсталирањето на софтверот и новиот дел ќе трае меѓу половина и еден час.
Предложениот план за овој вид на мотори важи само за европските возила, наспроти планот на компанијата за 3-литарските дизел мотори кои ќе бидат решени само со софтверски апдејт.