Во информацијата за договорот што ја пренесува Асошиејтед Прес, се објаснува дека ова е максималната сума што ќе се потроши, ама крајните детали, кој колку ќе добие се уште се разработуваат. На дел од сопствениците во зависност од моделот и типот на мотор, ќе им биде понудено и да им се поправат автомобилите.
Дел од 600-те илјади автомобили може да се поправат и само со апдејт на софтверот, додека за околу 325 илјади постари автомобили ќе мора да се прави пообемна поправка.
Лани Фолксваген пред акционерите објави дека ќе тргне на страна 7,3 милијарди долари за покривање на потенцијалните трошоци за повлекување на автомобилите и за потенцијалните тужби. Надворешните експерти сметаат дека до комплетното затворање на случајот на компанијата ќе и требаат над 20 милијарди долари.
Спогодбата која денес треба да биде официјално објавена, ја покрива само отштетата на сопствениците дизел Фолксвагени во САД.