Се работи за околу 100 милиони автомобили од наведените марки што се продадени од 1995 година и во кои може да се упадне со радиокасетофон, кој ќе ги слушне и сними сигналите што клучот ѝ ги испраќа на колата, потоа истите ќе ѝ ги репродуцира и таа ко попче ќе ги отклучи вратите.
Од Фолскваген соопштија дека се свесни за проблемот и дека работат со експертите што го открија проблемот за тој да биде надминат.
А експертите се истражувачи од Универзитетот во Бирмингем и од германската компанија за безбедност Каспер и Освалд, кои овој баг во системот за заклучување на Фолскваген го презентираа на една конференција во Тексас.
Ако е за утеха на сите сопственици на вакви автомобили, на овој начин некој може само да влезе во колата, но не и да го стартува моторот.