Таг: автомобили

Што е тоа „психоакустика“ (и каква врска има со автомобилски врати)?

Се занимава со научно проучување на перцепцијата на звукот - како луѓето реагираат на врева, говор, музика. Но и на поспецифични аудио дразби, како на пример начинот на кој звучи одреден производ. Психоакустиката притоа продава и - коли.

Не постои нешто што може да е гума за сите сезони

Лето и вака и така ќе се пројде, дури и без да стапнеш во кола, проблемот е кога ќе дојде есен / зима а ти уште си опремен со заблудата наречена гуми за сите сезони. За да ви е појасно што збориме, споредба на два идентични автомобила, еден со зимски еден со гуми за сите сезони, и нивното однесување на хокеарско игралиште. Гледај и слушај.

Каде одат тоа колите, а и ние со нив?

За 30 години ќе има 85% помалку автомобили отколку што има денес. Ама затоа бројот на часови поминати во автомобил ќе биде 400% поголем. Како тоа? Помислете каде во овој момент се наоѓа вашата кола. Чмае некаде паркирана. Зошто? Затоа што нема кој да ја вози. Тука сме.

Сингапур го замрзнува бројот на автомобили

Малата островска град-држава во југоисточна Азија процени дека не може до бескрај да одзема земјиште за изградба на улици и патишта па реши од февруари да го замрзне бројот на автомобили кои циркулираат наоколу.

Добро радио автомобилски врати отвора

Во милиони коли од марки како Фолскваген, Ауди, Сеат или Шкода што се продадени последниве 20 години може лесно да се влезе со помош на стар радиокасетофон. Фолскваген признава дека имаат проблем. 

Како автомобилите ја создадоа полициската држава

Teшко да има поинтересно сопирање од првото кое е забележaно во историјата на САД, кога полицаецот Вилијам Вест го сопира ( и го апси!) Улис С. Грант, на улица број 13 во Вашингтон, 1872 година. Пазете ова: Вест е црнец а Грант е тогаш актуелниот претседател на САД.

Одмаглување прозори на база на наука

На дечково треба да му се верува прво затоа што работи во НАСА, и затоа што направи експеримент со сите можни подесувања. Една мана му е што многу сака да зборува, нам мана ни е што не сме многу по слушањето, па затоа еве го сижето од неговото истражување како два пати побрзо да ги направиш прозорите да ти бидат џам чисти: прво, топлото ставете го на максимум; второ, вклучи ја климата; трето, исклучи го вртењето на воздух од колата; четврто, малку подотвори прозор.

Може мој Мишко....

По американските патишта секојдневно се тркалаат десетици милиони возила со сериозен дефект кој секој момент може да предизвика фатални последици. За огромен дел од нив, највиновни се токму оние што ги возат, бидејќи едноставно ги мрзи да отидат и бесплатно да го поправат дефектот. 

За 10 години човек од Хелсинки ќе нема потреба од свој автомобил

Доколку градот успее да го оствари својот план, до 2025-та година Во Хелсинки би требало да заживее системот 'мобилност на барање' кој целосно би ја укинал потребата на граѓаните да поседуваат автомобил.

Како ја грешиме со цената на половните автомобили

По основа на анализа на продадени 22 милиони половни автомобили излегува дека за секоја заокружена 10-илјадарка на километражата, цената на автомобилот паѓа не пропорционално многу.

Како Токио ја замислува иднината

На секои две години авто-индустријата го окупира Токио за да ја покаже својата визија за иднината. Годинава се одржа 43-от Токио Мотор Шоу. Се собраа сите и Јапонци, и Германци и Французи.

Автомобилите што ќе ги возиме во 2050-та

Прво да расчистиме дека и во 2050-та ќе имаме автомобили, ништо од тие форите со летањето нема да се случат. Ама за тоа, она што тогаш ќе го возиме нема да личи на ова денешното.

Кој штеди на коли во Премиер лигата?

Ова Југо кое веројатно е на плин не потсеќа на фудбалер од македонското првенство кој за жал повеќе од тоа не може да си дозволи. Таа тема е тажна и затоа веднаш правиме скок на островот каде фудбалските милионери заработуваат по едно такво за помалку од секунда.

Што ќе се појави во Франкфурт

Франкфурт Мотор Шоу е најголемиот саем за автомобили во светот, кој не само што ги собра сите производители на автомобили, туку за годинава има закажано и 159 премиери на автомобили.

Веќе никој не краде "на жичка"

Во историјата заминува кражбата на автомобили, која, благодарејќи на филмовите, ја замислуваме како стандардна. Лопужите во меѓувреме се досетиле дека автомобил најлесно се пали со - клуч.

Гробишта за суперавтомобили

Ферарија и Мерцедеси седат оставени низ Дубаи, откако нивните банкротирани сопственици пресметале дека е полесно да избегаат од Дубаи отколку да одат во затвор.

Оди па кидни им

МВР најави дека ќе ја смени ергелата остарени Крајслери. Да молиме бога да не купат нешто вакво.

Таблици поскапи од автомобил

Властите на Шангај имаа проблем со огромниот број на нови автомобили. Сега граѓаните имаат проблем со ограничениот број на таблици.