Системот ќе ги интегрира сите облици на јавен превоз во една сообраќајна мрежа на која би ѝ се пристапувало во реално време преку паметни телефони.
"На младите денес им е важно превозот да биде достапен и поволен, автомобилот веќе не е статусен симбол", вели инжињерката за сообраќај Соња Хеикила чиј магистерски труд бил инспирација за овој модел.
Траектите, возовите, автобусите, автомобилите, таксијата и моторциклите од градот би биле поврзани во една апликација а жителите на Хелсинки би можеле да ја одберат најпогодната рута и да платат преку телефон.
Mobility on demand не е нова идеја но досега беше поврзувана со концептот на мали електрични градски возила. Хелсиншкиот модел е иновација бидејќи ја интегрира сета постоечка ергела возила во градот и ја оптимизира во корист на граѓаните.