Константин Тино Кајшаров беше пејач (види тука), истерувач на ѓаволи (види тука), кинезитерапевт и познавач на фреквенциите (имате на Јутјуб), а по најново е - пастор.
Како таков, ни подготви една новогодишна песна проследена со видео спот (песната се вика Земи нè, исто се вика и спотот) а сценариото очигледно се темели на едно библиско парче кое гласи вака:
„Одете по целиот свет и проповедајте го Евангелието на секое создание! Кој ќе поверува и се крсти, ќе биде спасен; а кој не поверува, ќе биде осуден. А овие знаци ќе ги придружуваат оние, кои поверувале: во Мое име ќе истеруваат зли духови; ќе зборуваат нови јазици; ќе фаќаат змии; ако испијат и нешто смртоносно - нема да им напакости. Ќе полагаат раце на болни и тие ќе оздравуваат. - Марко 16:15-18
Не се секирајте, Тино не пие ништо смртоносно во овој спот (треба ли и следен спот да има?), туку ги лекува луѓето со божјиот потег наречен "рамо, рамо, друже мој".
Елем, на оној пат за Галичник одат најразлични типови луѓе кои си имаат тешки проблеми. Некој е алкохоличар, некој дрогаш, трет е излуден бизнисмен..... Све репрезентативни примероци на денешната забеганост.
Е, ама за среќа, контра нив доаѓа пастор Тино, облечен како Гиш за Евровизија, на разминување им тура рака на рамо и инстантно ги опоравува.
Еден, друг, трет.... Нема утка.
Речиси.
Од сите овие луѓе опседнати со пороците на денешницата (секс, дрога, насиље и страх), само еден нема да куртули!
Кој????
Оној што џогира!!!!
(види на 1:45)
Пасторе, немаш појма колку си цар!