Ова е фотографијата на Виктор Поповски која влегла во најдобрите 23 фотки, од првичните 300 учесници од 30 различни земји. Следната фаза е селекција по лајкови па потоа фотографиите одат пред стручно жири.
Линкот на кој можете да гласате зa нашиот е ТУКА.
Ама, не лези враже. Баш деновиве пишувавме на слична тема, во статијата "Булшит политички фотографии", посветена на експертот за визуелно мислење и медиумска писменост, Мајкл Шо, кој се занимава со деконструкција на дневно-информативните фотки, начинот на кој со нив може да се манипулира кога се извадени од контекст или "обоени" од ставот на авторот.
Најефикасниот пример беше една прочуена фотка на Ројтерс, кога Обама е фатен како се понаша како Берлускони:
А од видеото од истиот настан може да се види дека не е баш така:
А сега, да ја видиме повторно фотографијата од оваа енергична битка на една бестрашна жена против моќниот бедем на силите за репресија:
И видеото од истиот настан: