Само една неделна плата е доволно фудбалерите во Англија да тргнат настрана за да влезат во салон за автомобили и да одберат што им душа сака. Ферари, Порше, Ламборџини, што и да се појави најново од светот на автомобилската индустрија без проблем завршува во рацете кај богатите фудбалери. Да почнеме од поскапите.
Ферари 458 (169.545 фунти) – Месут Озил, Тео Волкот, Френк Лемпард, Џон Тери, Луис Нани, Мика Ричардс, Метју Фламини.
Ламборџини Галардо (149.990 фунти) – Ешли Кол, Патрис Евра, Рио Фердинанд, Луис Нани, Вејн Руни, Давид де Геа.
Бентли Континентал (132.150 фунти) – Самуел Ето, Вејн Руни, Ешли Јанг, Џермеин Дефо, Мартин Шкртел, Давид Силва.
Астон Мартин (128.653 фунти) – Френк Лампард и Фернандо Торес
Порше Панамера (122.623 фунти) – Един Џеко, Самир Насри, Винсент Компани, Даниел Сториџ, Ромелу Лукаку.
Ауди Р8 (113.645 фунти) – Петр Чех, Том Клеверли, Арон Рамси, Тео Волкот, Давид Силва, Мика Ричардс.
Порше (90.790 фунти) – Стивен Џерард и Фернандо Торес
Ренџ Ровер Спорт (61.900 фунти) – Луис Суарез и Рајан Гигс
Во конкуренција на овие скапи и дел спортски автомобили ви го претставуваме јапонскиот ретро Нисан Фигаро од 1991 година кој го вози Томас Вермален од Арсенал за само 5000 фунти.