Воведувањето на лимитот се оправдува со недостатокот на земјиште а проблемот ќе се ублажува со сериозни инвеститиции во патната и транспортна инфраструра на земјата.
Се воведува систем на аукции за добивање лиценци за поседување автомобил а самите лиценци ќе имаат ограничено времетраење. Вкупниот број на возила годишно може да порасне најмногу до 0,25%. Растот се ограничува само за патнички возила и моторцикли, не и за автобуси и транспортни возила.
Тамошните власти на секој начин го обесхрабруваат купувањето автомобил, првенствено преку давачки.
Кола во Сингапур е отприлика четири пати поскапо отколку истата да се купи во САД. Според еден извештај на Дојче банк, ако трошоците за поседување средно голема кола во Велика Британија изнесуваат 24.000 долари, за истиот модел во Сингапур ви се потребни 90.000 долари.
Сите тие мерки доведоа до тоа само 11% од граѓаните да имаат привтаен автомобил. Во САД уделот на сопственици е речиси 80% а во Европа нешто под 50%.
На глобалната листа на сообраќајна закрченост, Сингапур се наоѓа на 55-тото место но затоа Џакарта е втора а Бангкок трет.
Истовремено, Сингапур инвестира 12 милијарди долари за нова железничка инфраструктура, 4 милијарди за унапредување на постојната инфраструктура и 4 милијарди долари за субвенции за јавен превоз.
А ги тестираат и следниве технологии: