Таг: сингапур

Кога Британија стрелаше свои војници заради Османлиите

Егзекуцијата се случува во 1915 и во неа се убиени 47 муслимани војници на британската армија оддалечени преку половина свет од битките што Британците ги водат со Османлиите.

Како Сингапур веднаш беше подготвен за ковид-19?

Додека заедно со остатокот од светот ги прележуваше САРС и Х1Н1, Сингапур полека градеше робусен систем за следење и спречување епидемии. Кога дојде редот за ковид-19 тие само продолжија да го прават тоа што до тогаш го правеа.

Сингапур го замрзнува бројот на автомобили

Малата островска град-држава во југоисточна Азија процени дека не може до бескрај да одзема земјиште за изградба на улици и патишта па реши од февруари да го замрзне бројот на автомобили кои циркулираат наоколу.

Како газдата од Сингапур од Валенсија направи аутсајдер

Првиот ред од доминото во Валенсија падна кога милијардерот од Сингапур, Питер Лим ја прекрши првата заповед на богатите газди на спортски клубови: ’Немој да влегуваш во микроменаџмент и да купуваш клуб ако не си способен за тоа’.

Кинескиот град на море од 100 милијарди долари

Технички се наоѓа во малезиски територијални води, во пракса го гради и плаќа кинеска компанија. Распореден е на четири острови, треба да смести 700.000 илјади луѓе, а од февруари до сега продадени се вкупно 8.000 станови.

10.000 километри за тебе

Знаете ли дека навивачи со страст за италијански екипи има во Виетнам, Тајланд, Малезија, Хонг Конг, Австралија, Камбоџа, па дури и во Иран? Епа има, а само еден од нив е Најџел Ган кој навива за Лацио 23 години и кој успеа да се сретне со својот идол поради кој станал нивен навивач.

Вашите 6 секунди

Хемингвеј на времето добива кладба дека може да напише текст пократок од 10 зборови што ќе расплаче човек, му успева во 6 зборови (за тоа тука). Сега Јутјуб организира натпревар за маркетинг агенции, да направат реклама со траење од 6 секунди. Клиент е туристичкиот борд на Сингапур, а натпреварот, од брифинг до крајното видео, трае 7 часа.

Кузњецова си ја ишиша косата на сред меч

Руската тенисерка Светлана Кузњецова очигледно требаше да го ишиша целото репче за да направи пресврт против Ањешка Радванска во финалето на турнирот во Сингапур. Без никаков страв, Кузњецова извади ножици од торбицата и се фати на работа.

Алигатор на сред патека за Формула 1

Младиот Макс Ферштапен за малку не удри во огромен гуштер кој се појави на патеката во Формула 1 каде се возеше тренингот пред утрешната трка за ГН на Сингапур.

Првата "бутка" за храна што доби Мишелин ѕвезда

Новиот Мишелин водич Сингапур им даде ѕвезда на двајца улични продавачи на храна, што се случува за прв пат во историјата на водичот. Објаснувањето на судиите од Мишелин до еден од  сопствениците: ние оценуваме храна, а не објект.

Убавината на ноќните трки во Формула 1

Стариот лисец Берни Еклстоун успеал да ги убеди сахарските шеици да ги поместат термините за Ф1 трките навечер за да се избегнат пеколните горештини и на крајот успешно добил спектакл. Сега сите се канат да организираат ноќни трки иако се многу поскапи.

Најголемиот местач во фудбалот е пуштен на слобода

Ако нешто ви се гледаат сомнителни резултатите од следното коло, не се чудете, Дан Тан не е повеќе во притвор. Судот смета дека тој не претставува повеќе јавна закана.

Бели марамчиња на Местаља

Пред помалку од една година го сметаа за херој што ја спаси Валенсија од пропаст, а сега на Местаља сè повеќе се мавтаат бели марамчиња, симболичен знак на шпанските стадиони кога тренерот треба да си оди.

Фетел во Сингапур го престигна Сена

Германскиот пилот Себастијан Фетел е победник на 13-та трка во Формула 1 сезонава која се возеше на патеката Марина беј во Сингапур.

Голманот со 25 клубови кој не заиграл само на Антарктик

Луц Фаненштил е Германец кој го одбил Баерн Минхен, играл на шест континенти и лежел 101 ден во затвор во Сингапур. Во моментов работи како скаут на бундеслигашот Хофенхајм, а најубаво вели дека му било во Намибија, каде одел со автостоп на гостувања.

Сефот што треба да чува 9 милијарди долари германско злато

Дочје банк одлучи дел од своите резерви во злато да го чува на сосема другиот крај од светот - во Сингапур. Во исто време тие продолжуваат со враќањето на своите резерви од сефовите во Њујорк.