Убавината на ноќните трки во Формула 1

Стариот лисец Берни Еклстоун успеал да ги убеди сахарските шеици да ги поместат термините за Ф1 трките навечер за да се избегнат пеколните горештини и на крајот успешно добил спектакл. Сега сите се канат да организираат ноќни трки иако се многу поскапи.

Долги години Гранд При трките се одвиваа само во текот на денот. Имаше многу причини за тоа, почнувајќи од фактот дека класичните автодроми кои се вклучени во календарот на Светското првенство, не се опремени со расвета и се завршува со фактот дека трките воглавном ги гледа европска публика за која најудобно време се попладневните часови.
 
Со оглед на тоа што голем дел од патеките во Ф1 се возеа во Европа, никој не мислел да го смени тајмингот на почетокот на трката.

Зошто се изменија работите?

Во новиот милениум во календарот се појавија и нови азиски етапи кои основниот аудиториум мораше да ги гледа во раните утрниски часови. Така се родила идејата за пренос на почетокот во вечерен термин, а тоа во дело го спровеле промотерот на Ф1, Берни Еклстоун и раководителот на Јагуар Боби Рејхол кој се навикнал на ноќните фази за време на рејсинг првенството во САД.

Меѓутоа спроведувањето на идејата на Еклстоун не одела лесно - сите обиди да ги присилат организаторите на ГН на Малезија, Австралија и Јапонија да го поместат времето на трката биле залудни, затоа што организаторите не сакале да набавуваат прескапа расвета и нови монтажни коли на патеките.

Како заврши првата ноќна трка?

Се возеше во 2008. година во Сингапур. Во градот-држава се изгради нова патека така што се искористила можноста да се постават и преку 1.500 нови рефлектори за расвета на патеката.

Овие рефлектори биле оптимално дизајнирани да не ги ослепуваат возачите, а покрај тоа и рамномерно се распоредени околу патеката на една страна (просечна оддалеченост им е 4 метри), така што и сенката на болидите е минимална а светлоста не му смета ниту на телевизискиот пренос.

Вкупната осветленост во Сингапур изнесувала 3 килолукса (еден стадион може да достигне осветлување од 0,8 килолукса).

Што произлезе после?

Трката во Сингапур беше спектакуларна и успешна, по што скоро во Ф1 ноќни трки организираа и други домаќини: Во 2009-та Абу Даби, а во 2014-та Бахреин.

Оваа трка близу пустината Сахара кај Манама беше вклучена во календарот од шампионатот во 2004. година, но само 10 години подоцна Берни Еклстоун ги убеди локалните шеици дека преносот на тајмингот ќе биде корисен за сите: прво, навечер не е толку топло и тимовите полесно ќе работат, а второ жолто-сината линија на средината не е толку евидентна на силно сонце, а под рефлектори патеката ќе биде обележена со други бои.

Сега во моментов Бахреин се смета за една од најубавите патеки во Формула 1.

Сега ноќните трки се популарен тренд меѓу богатите етапи, а сега сè повеќе земји се спремни да организираат трки под рефлектори. Конкретно, во 2017-та година Русија би можела да ја организира првата ноќна трка во оваа земја.