Вашите 6 секунди

Хемингвеј на времето добива кладба дека може да напише текст пократок од 10 зборови што ќе расплаче човек, му успева во 6 зборови (за тоа тука). Сега Јутјуб организира натпревар за маркетинг агенции, да направат реклама со траење од 6 секунди. Клиент е туристичкиот борд на Сингапур, а натпреварот, од брифинг до крајното видео, трае 7 часа.

Првото место го освојува тимот на агенцијата Дојч, со клиповите во кои покажуваат интересни активности што можат да се прават во Сингапур, за потоа да ги ругаат гледачите дека не се таму за да пробаат.

 

Втор е тимот на Греј, кој Сингапур го споредува со други светски градови како Њујорк, Лондон и Лос Анџелес, и потоа нагласува некои од нивните најлоши особини.

 

28 октомври 2016 - 13:49