Во објектот Сингапур ФриПорт, кој е залепен до зградата на главниот аеродром во Сингапур, Дојче банк има простор за чување до 200 тони злато.
Нудејќи легално избегнување на плаќање данок и царински инспекции, ФриПорт полека станува еден од клучните центри во југоисточна Азија за чување уметнички дела, накит, вино и друга скапа роба. Повеќе од една третина од просторот е изнајмен од аукционерската куќа Кристис.
За разликата од сличните објекти во Швајцарија, ФриПорт "е половина бункер, половина галерија." Железнте врати на сефовите тежат по 7 тони меѓутоа се стилски направени.
Иронијата на ФриПорт е што тој е дизајниран од швајцарски архитекти и експерти за безбедност, додека во исто време се натпреварува со Швајцарија за добивање на оф-шор сметки. Една од предностите на Сингапур е што таму од банките се бара да не ги откриваат своите клиенти и да не напнуваат премногу со контрола на средствата и имотот кој влегува и излегува кај нив.