Во историјата на Ф1 имало разни необични настани, но тоа што се случи во Сингапур е незапамтено досега.
На последниот неофицијален тренинг пред борбата за стартната позиција на Големата Награда на Сингапур, на патеката се појави „комодски змеј“, огромен гуштер кој се прошета по асфалтот и го преплаши Макс Ферштапен од Ред Бул кој веднаш ги информираше луѓето од својот тим преку радио врската.
„На патеката има џиновски гуштер, свика Белгиецот а доби одговор: Изгледа си имал средба со Годзила“. Луѓето од тимот на Ред Бул како да не беа свесни што навистина има на патеката.
Веднаш се постави прашањето што ако Ферштапен возел со огромна брзина, дали би успеал да ја задржи контролата над болидот. „Комодскиот змеј“ е најголем гуштер на светот, а според големината и снагата изгледа на алигатор или крокодил а не на гуштер.
Азија е нивниот природен дом и таму ги има многу, но организаторите на трката во Сингапур не знаат од каде се нашол гуштерот на сред патека во центарот на Сигнапур.
Трката се вози утре во 14:00 часот по Средно-европско време.