Една од последните објави на Инстаграм на Ким Лим, ќерката на сингапурскиот сопственик на Валенсија гласеше:
“ПРЕСТАНЕТЕ! ЌЕ ЗБОРУВАМ за тоа што е потребно, нема да толерирам ГРУБОСТИ на Интернет и НАВРЕДИ на адреса на моето семејство + РАСИСТИЧКИ фрази, насочени против Кинезите/Азијците. Се држам до моите принципи“.
Неколку претходни поста на истата тема на Инстаграм таа ги тргнала. Повеќето фотографии се нејзини на луксузни локации и фотографија на Чезаре Прандели, тренерот на Валенсија.
Пред неколку недели Ким постирала фотографија како го гледа дербито Манчестер Јунајтед - Арсенал, а после морала да чита многу незадоволни коментари на шпански. Додека таа го гледале мега дуелот во англиската Премиер лига, навивачите на Валенсија се нервираа на дуелот со скромната Гранада (1-1).
На „Местаља“ тогаш се играше некој вид дерби на азиските инвееститори. Сингапурскиот бизнисмен Лим во 2014-та купи 70% од акциите на Валенсија и ја постави Леј Хун Чан за претседателка на клубот.
Гранада по замислата на кинескиот сопственик Цејан Лижанг, кој го купи клубот од семејството Поцо требаше за неколку сезони да игра во евро-куповите. Ветуваше дрим-тим и навивачите мечтаеа за големи успеси.
На гостите од Гранада не им требаше многу време да стигнат до 50% посед на топка, а по комичните грешки на стоперот Мангала и да поведат 0-1 на истекот на првото полувреме. Цела „Местаља“ со силни свирежи ги испрати играчите на паузата, а веднаш по стартот на вториот дел Валенсија израмни на 1-1 преку Нани.
Неорганизираната и паничарска игра во одбраната е константна за Валенсија. Последен пат екипата не примила гол во април, кога играла против Еибар.
На последните 42 меча во првенството, Валенсија САМО два пати (!) не примила ниту еден гол. И како после навивачите да не бидат бесни?
По заминувањето на Алкасер во Барселона, „Лилјаците“ немаат ефективен напаѓач. Средниот ред игра пристојно до последната третина од теренот, а таму продолжува Дани Парехо само ако дента е расположен. Никакво фајде Валенсија нема од Закарија Бакали и Жоао Кансело. Првиот обично влегува од клупата, а вториот го фрлаат од позиција на позиција.
Минатата година кога Валенсија заврши поблиску до зоната за испаѓање отколку до зоната за евро-куповите, во составот имаше неколку поквалитетни играчи. Во моментов Валенсија е 16-та и тоа е изненадување, затоа што нивото на игра им е како на Леганес и Алавес.
Питер Лим дојде во клубот како спасител, пред сè во финаниска смисла. Валенсија може да се нарече најголем должник во шпанскиот фудбал. Клубот и должи на банката Bankia 155 милиони евра, а уште 80 милиони Питер Лим си должи сам на себе - како сопственик кредитор.
Питер Лим на почетокот од владеењето потпиша договори за спонзорства со Volkswagen и Trolli и ја отвори Валенсија на азискиот пазар. И покрај тоа, тимот уште нема натпис на дресовите како генерален спонзор кој би ги „делел вредностите со клубот“.
Лим морал да направи нешто што не можеле многу шпански функционери - да преземе непопуларни мерки и да ги смали трошоците. Ако не може да си приушти скапи играчи, би можел барем да ги смали платите и да проба нешто да продаде без оглед колку е добар на теренот. Проблемот е во тоа што финансиската состојба на клубовите зависи и од нивните спортски успеси. Многу пред доаѓањето на бизнисменот од Сингапур, Валенсија имаше добар прилив од учествата во Лигата на шампионите. Годишно за учество во Евро-куповите се заработува од 15 до 30 милиони евра.
Но стабилната епоха кога Унаи Емери беше тренер и Вланесија беше нагазна мина за Барса и Реал одамна помина. Од сезоната 2012/2013 тимот само еднаш го освои 4 место на табелата - и тоа во годината кога се појави најголемата финансиска инфузија. Дури и кога Питер Лим немал појма што значи финансискиот фер-плеј и како функционира.
Првото домино во редот почна да паѓа кога бизнисменот Питер Лим ја скрши првата заповед на сите газди на спортски клубови - ’не влегувај во микроменаџмент и управување со клуб ако немаш доволно искуство’.
Тренерот Пици бил отпуштен поради советите на агентот Хорхе Мендеш, другар му Нуно Еспирито Санто да биде поставен за главен тренер. Сомнежите во него веднаш се потврдија, но Нуно работеше пола година после што го замени тренер без ден искуство кој не го знае шпанскиот јазик, Гери Невил.
Шест месеци подоцна Лим ја призна грешката, во меѓувреме смени два локални “фаворити“ и му го даде клучот од тимот на Чезаре Прандели.
Што се однесува до кадровските прашања, Лим покажал дека самостојно ги носи одлуките а не на основа на локалната реалност. Како што неговиот добар другар, Британецот Гери Невил рече на конференцијата за нвоинари “Не мислам дека е нужно да го познавам шпанскиот менталитет“, така и Лим ги затворил пристапите на сите локални советници, власти, играчи.
Глобалните проблеми во Валенсија не се со доаѓањето на Питер Лим, туку многу порано. Уште кога одлучиле да градат нов стадион. Работата над „Новата Местаља“ почнала во август 2007. година. Планирале на новиот стадион да се преселат во 2009-та, но ништо од тогаш.
Кризата која што го погоди урбаниот бизнис во Шпанија ја замрзнал изградбата во 2009-та. Од тогаш проектите за новиот стадион стареат, неопходно е да се намали капацитетот, да се сменат материјалите и сето тоа само ги зголемува трошоците.
Отворањето на „Нова Местаља“ сега е закажано за сезоната 2019/2020.