И покрај тоа што на клубот од Местаља првпат после 11 години му донесе вреден пехар, и покрај тоа што две години по ред ги внесува во Лига на шампиони во пеколна конкуренција, тренерот Марселино доби шут-карта.
Најголемите европски спортски медиуми на големо најавуваат откривање на еден од најголемите фудбалски скандали. Се споменуваат откривање докази дека многу познати фудбалери и тренери биле вмешани во незаконско работење.
Првиот ред од доминото во Валенсија падна кога милијардерот од Сингапур, Питер Лим ја прекрши првата заповед на богатите газди на спортски клубови: ’Немој да влегуваш во микроменаџмент и да купуваш клуб ако не си способен за тоа’.
Пред помалку од една година го сметаа за херој што ја спаси Валенсија од пропаст, а сега на Местаља сè повеќе се мавтаат бели марамчиња, симболичен знак на шпанските стадиони кога тренерот треба да си оди.