Бели марамчиња на Местаља

Пред помалку од една година го сметаа за херој што ја спаси Валенсија од пропаст, а сега на Местаља сè повеќе се мавтаат бели марамчиња, симболичен знак на шпанските стадиони кога тренерот треба да си оди.

Навивачите на Валенсија отворено сомневаат во намерите на милијардерот од Сингапур и атмосферата на Местаља е драстично полоша. Доказ за тоа се свирежите кон тренерот Нуњо Еспирито Санто и барање негова оставка.
 
Незадоволството кулминираше по ремито 0-0 против Бетис минатата сабота, кога навивачите на Валенсија речиси цело второ полувреме бараа од тренерот да си оди. По тој меч Валенсија има една победа од четири Ла Лига натпревари, а во меѓувреме загуби и во ЛШ од Зенит 2-3 на домашен терен минатата недела. Навивачите на Лилјаците се познати по своето претерување кога ќе решат да бркаат некој тренер, па макар и само после пет кола од новата сезона.
 
Сомнежите во тренерот Нуно Еспирито Санто се засилија по гласините дека тој е тренер на Валенсија само поради другарските односо со супер-агентот Хорхе Мендес (агент на Кристијано Роналдо) и бизнис партнер на Сингапурецот Питер Лим. 

На Месталја долго се шпекулира и дека омилениот тренер на навивачите Јуан Антонио Пици некоректно и намерно бил избркан од клубот во јули 2014-та година, со цел клубот побрзо и полесно да биде продаден.
 
Нуно Еспирито Санто бил голман и еден од првите играчи на агентот Хорхе Мендес во средината на '90-те години. Токму Мендес му го средил првиот трансфер на Нуњо Еспирито Санто од Викторија Гимараеш во Депортиво Ла Коруња.
„Навивачите покажаа дека не се задоволни и ми покажаа кој е крив за лошите резултати. Сепак, фокусиран сум на мојата работа и нема да коментирам шпекулации“, изјави тренерот на Валенсија по ремито со Бетис.

Сингапурецот Питер Лим е ретко виден на Местаља со што ги зголемува шпекулациите за неговата мистериозност и намери со клубот и воопшто во фудбалот. Лим е сопственик и на англискиот нисколигаш Салфорд Сити, заедно со членот на Генерацијата '92-ра од Манчестер Јунајтед, Фил Невил.
 
Токму Фил Невил е помошник тренер на Нуно Еспирито Санто и навивачите тука ја гледаат целата спрега која не му носи добро на клубот. Од друга страна, Сингапурецот Питер Лим и натаму верува во ветеното дека до 2019-та ќе направи нов модерен стадион и дека ќе ја донесе Валенсија на врвот на Европа. Поранешниот член на управата и потпретседател на Валенсија, Мигел Зоро изјави во вторникот дека подготвува документација на која се гледа колку е лоша финансиската состојба на клубот.
„Навивачите почнаа да ја сфаќаат состојбата и луѓето кои доаѓаат кај мене се незадоволни од работата на клубот“, изјави Зорио за Ројтерс во вторникот.