Во повеќе од 20 земји во светов, Бадвајзер со години се бори за правото да биде нарекуван Бадвајзер. Битката е со променлив успех. Неодамна е изгубена во Италија каде пиварата AB InBev судски е присилена својот довчерашен Бадвајзер да го именува како Бад.
Ова е само епизода од војната која започнала пред повеќе од 100 години кога Адолфус Бушч, основач на американската пивара Анхаузер- Бушч (во 2008-ма купена од InBev) решава едно свое пиво да крсти Бадвајз, според германскиот назив на еден чешки град познат по своето пиво.
Другава пивара, Budweiser Budejovicky Budvar, доаѓа од самиот Бадвајз па сепак во голем број земји (САД, Канада, Мексико, Панама, Бразил, Перу) мора да настапува со друго име на пивото - Чехвар. А и тие не се од вчера, пиварата е отворена во 1985-та години, само 19 години откако американската пиварница го промовирала својот Бадвајзер.
И така, Budweiser Budejovicky Budvar и AB InBev со децении водат скапи и рововски судски битки за тоа чиј Бадвајзер.
Во целиов овој случај, улогата на Европската Унија ни се чини најразумна. Нејзините судии донесоа одлука дека двете компании можат да го користат истото име бидејќи потрошувачите се доволно способни да прават разлика меѓу двата Бадвајзера.
Sapienti sat.