По две години во притвор, судот од Сингапур го ослободи Дан Тан, познат и како Тан Сет Енг кој важи за мозокот за местење на фудбалски натпревари речиси во цел свет.
Во Сингапур во 1955 година е донесен закон според кој е дозволено осомничените криминални да бидат во притвор на неопределено време, но судијата пресуди дека неговиот притвор бил незаконски бидејќи тој не претставува јавна закана.
„Дејствијата на господинот Тан се за осуда и тие не се простување, но ништо не навестува дека тие се опасни по јавната безбедност и мир. Натпреварите кои се местени, без разлика дали успешно или не, се одржани надвор од нашите граници“, рече судијата.
Дан Тан беше посочен од страна на Интерпол како главен организатор за местење на стотици натпревари во повеќе лиги во светот. Го бараат неколку земји како што е Италија, но Сингапур нема договор за екстрадиција со нив.
Тој беше уапсен во септември 2013 година, а потегот беше поздравен од Интерпол како голем чекор напред во борбата против корупција во фудбалот. Во тоа време италијанскиот обвинител Роберто ди Мартино кој водеше истрага за местење натпревари го нарече Тан “Генерален директор на прстенот’.
Тан беше осомничен дека стои зад големиот скандал Калчоскомесе во Серија А и Серија Б, а во отсуство му судеше унгарскиот суд за манипулирање со резултати во Унгарија, Италија и Финска.