Наочарите, на рецепт се. Затоа ги носам. Некогаш одамна Американецот од средниот запад во мене можеби мислеше дека нешто не е во ред. Но светлината е многу силна во јужна Калифорнија. И откако еднаш ќе ја искусиш негативната територија на јавниот живот, почнуваш да ја прифаќаш идејата за носење очила. Јас сум човек кој е обучен да им гледа на другите луѓе во очи. Но не можам да гледам во очите на сите оние кои сакаат да гледат во моите; не можам емоционално да излезам на крај со толкав обем. Наочарите за сонце се дел од мојот оклоп.
Мразам совети освен кога ги давам.
Мразам кога давам совети, затоа што луѓето не ги прифаќаат.
Сакам расправии. Умирам некој да ми го смени мислењето. Веројатно сум единствениот либерал кој ја читал „Предавство" од Ан Култер. Сакам да знам, сфаќате? Сакам да слушам секого. Ова за мене е еликсир на животот.
Мислам дека многумина не ја сфаќаат вистинската вредност на безделничењето, и значењето кое тоа го има во нашите животи. Луѓето денес се премногу компетитивни во врска со безделничењето, како тоа да треба да има некаква друга вредност за да се вклопи во нашиот пуритански светоглед. Но ако играш голф за да добиеш заем, тоа не е голф, ако ме сфаќате на што мислам.
По 11 септември си поќутував. Сите јавни позиции беа зафатени - за, против, добро, зло. Немав што да додадам. Така барем мислев. Во стилот - дајте малку забава. Затоа неколку години посветив на комедии.
Малку се срамам од ова, но ги читам само спортските страници.
Мотивот на еден спортски фан е неговата способност да има приватни теории.
Секогаш мислев дека кошарката е најдобар спорт, иако тоа не беше спортот во кој бев најдобар. Само беше најзабавен за гледање. Секогаш велев, „Бетмен и кошарка. Ноќни игри и ноќни стрипови". Дури и како дете тоа ми се допаѓаше. Кошаркарите излегуваа ноќе. Имаа супер јакни. Имаше нешто ноќно младешко-деликвентско во врска со тоа, што ја загреваше крвта.
Секогаш се воздржувам да кажувам вакви работи во интервјуа затоа што потоа зборовите ми се враќаат, ме прогонуваат, но да бев Американец со арапско потекло ќе инсистирав да собираат податоци за мене. Ова не е време за граѓански права. Американците имаат поголеми проблеми.
Верувале или не, јас го подржував Никсон во врска со претседателската привилегија. Како некој може воопшто да замисли да биде претседател на САД, а сè што ќе каже или ќе направи да и биде достапно на јавноста? Тоа ми изгледа глупаво. На еден човек му треба приватен живот. Без да имаш право на приватен живот, една работа води кон друга, и наскоро ги имаш Бил и Моника. Треба да бидеме реални. Луѓето се луѓе. Зошто би требало да очекуваме повеќе?
Моето мото е: повеќе забава.
Децата му даваат на животот таков квалитет којшто не би можел да го има без нив.
Секако го познавав татко ми. Само што тој не беше мојот биолошки татко.
Точно е: не знаев дека сестра ми ми е всушност мајка додека не наполнив 37. Но животот ме научи дека има многу работи кои не ги знам. Ако почнам на тоа да му придавам повеќе тежина заради полусварениот поглед на еден аналитички живот, тоа би работело против мене. Акцентирај го позитивното, тоа е она што го велам. Трик е, ама функционира.
Мажите доминираат заради физичкото, и оттаму имаат повеќе милосрдие за нешта за коишто жените го немаат.
Постои еден видлив договор помеѓу нацијата денес, дека белиот маж е единствената легитимна цел за која и да е, и за сета сатирична критика. И тоа едноставно го прифаќаме такво какво што е.
Многу луѓе на средината на нивните животи имаат таен копнеж за повеќе романтика.
Не знам дали е ова вистинска статистика, но чув некаде дека има три пати повеќе сингл жени над четириесет отколку сингл мажи. Тоа е она што го добивме од движењето за женски права.
Многу ги почитувам гестовите на љубезност. Како да ја подадеш храната. Не се дери од една до друга соба. Не влегувај без да тропнеш ако вратата е затворена. Отвори им врата на дамите. Сите овие милиони едноставни домаќински однесувања го прават животот подобар. Не можеме да живееме во постојан бунт против нашите родители - тоа е глупаво. Јас имам многу добри манири. Тоа не е нешто апстрактно. Тоа е споделен јазик на очекувања.
Мислам дека Грците го измислиле спортот како контра на филозофијата. Во спортот има апсолутни правила. Нема „а што е со ова?, „а што е со она?". Или е слободно фрлање, или не е. Во кошот е или е вон кошот. Тоа е сигурно.
Ја надраснав потребата да зборувам за нешто ако не знам што е тоа.
Зошто некој не ја употреби модерната интелигенција за да ја поврзе со сообраќајот?
Како би било да ја ебеш Бритни Спирс? Можам да одговорам на тоа прашање: монументално. Нешто што може да ти го смени животот.
Ќерка ми има 13 години. Во последно време единственото на кое мислам е „Добро, може да земеш пантолани кои нема да ти бидат под папокот?"
Што правам добро како татко? Тука сум цело време. Давам безусловна љубов. И имам многу вештини, во смисла на тоа да ги натерам да се изразат себеси. Добар сум со мали совети ако ми кажат во што е нивниот проблем, затоа што и самиот сум имал многу проблеми. Се обидувам да ги изложам на искуства. Сакам да имаат длабоко, внатрешно чувство дека е во ред да си среќен, дека не мора постојано да измислуваш проблеми кои всушност ги немаш.
Голем број од моите животни лекции ги научив како дете-коцкар на тротоарите.
Им завидувам на религиозните луѓе. Не сум способен да верувам во ништо натприродно. Барем до сега. Не дека не би сакал, баш би сакал. Се молам, се молам понекогаш на нешто..таму горе. Имам чувство за Бог. Тоа не е толку вера, колку суеверие. Тоа е дел од тоа да се биде човек, претпоставувам.
Не би сакал да осудам некого кој смета дека абортусот е убиство. И самиот бев вонбрачно дете. Можеби денес немаше да постојам.
Либерализмот е право да поставуваш прашања без да те наречат еретик. Тоа е она што Америка го направи за светот.
Има големи влијанија врз луѓето за кои тие не се свесни. Има големи лаги за кои никој не сака да дискутира.
Долго време ми беше страв да бидам сам. Морав да го научам тоа. И сега има моменти кога мислам, уф!, морам да зборувам со некого или ќе полудам! Но сакам да сум сам. Навистина сега го сакам тоа. Има голем луксуз во осаменоста.
Бев воведен во голфот преку еден натпис кој го прочитав во Кјото, Јапонија. Напишан е на ѕидот на еден од храмовите. Раскажува за некој зен турнир во стреличарство кој се одвивал таму. Има една долга редица столбови. На крајот има мал квадратест простор. Учесниците седеле крснозе, и требало да стрелаат без да го погодат ѕидот. Светскиот рекорд бил околу 180 стрели фрлени една по друга. Познавајќи ги спортовите на поетски начин, ова ме импресионираше. Така почнав да мислам за голфот како за зен стреличарство. Не играм голф за да се натпреварувам. На сите им кажувам дека мамам за да не се коцкаат со мене. Затоа не можеш да гледаш фудбал. Сите се коцкаат. Не сакаат да ја гледаат играта, ја сакаат тензијата на исходот.
Сакам да работам со жени режисери. Ним не им пречи да те направат сладок.
Среќен сум во смисла на тоа дека вон врските кои вклучувале кохабитација, секогаш ми одело добро со жени.
Секогаш си го поставувам теоретското прашање: ако почнев денес, дали би завршил снимајќи порно за да преживеам?
Колку помалку знаат луѓето за мене, толку мојата работа е полесна.
Секогаш во интервјуата обидувај се да одбегнуваш клишеа во врска со проблемите на јавниот живот.
Секогаш обидувај се да избегнуваш интервјуа.