Ако нешто ви се гледаат сомнителни резултатите од следното коло, не се чудете, Дан Тан не е повеќе во притвор. Судот смета дека тој не претставува повеќе јавна закана.
Најголемиот мозок за фудбалски местенки Тан Сет Енг од Сингапур кој веќе подолго време се бараше со меѓународна потерница конечно и падна на полицијата в раце. Со помош на неговата криминална мрежа се верува дека наместил над 600 натпревари и заработил 58 милиони долари.