Со помош на поткупување, но и примена на сила, озлогласената група предводена од Дан Тан кој неодамна беше уапсен, наместила стотина натпревари. Оваа група имала конекции со криминални групи од другите земји кои им помагале при местењето.
Според Интерпол, оваа мрежа годишна прави обрт од неколку милијарди евра, а во февруари оваа година Европол откри дека за сомнителни се сметаат 680 натпревари од целиот свет, помеѓу кои и интернационални квалификациски натпревари за Светско првенство, како и дуели од Лигата на шампиони.
Минатата недела во голема акција помеѓу локалната полиција од Сингапур и Бирото за борба против корупција, беа уапсени 14 лица меѓу кој и главниот шеф на мафијата Тан Сет Енг или познат како Дан Тан како и блиски негови соработници.