Таблици поскапи од автомобил

Властите на Шангај имаа проблем со огромниот број на нови автомобили. Сега граѓаните имаат проблем со ограничениот број на таблици.

Со закон во 23-милионскиот Шангај се дозволени само 8.000 нови регистрации месечно, со цел да се намали бројот на нови автомобили.

За да добиеш регистрација, треба да се пријавиш на листа а потоа се одржува аукција на која наддаваш за твоето право на нови таблици.

На последната аукција имало над 24.000 пријави, а просечната цена на таблиците била 9.300 евра.

19 март 2012 - 12:17